ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, го очекуваме тоа и од грчка страна

– Намерата беше токму на ЕУ да и се испрати пораката, а не до грчкиот народ или политика, да водат грижа за поглавјата зашто треба час поскоро да ги отвориме. Променет е Уставот на државата, промената на името се применува секаде, стана наше секојдневие. Жалам што опозицијата не го користи. Со тоа испраќа многу сериозна порака, прво за непочитување на Уставот, а има амбиции и претендира за власт. Што ако стане власт? Веднаш провокации и две-три вета нови. Не дај Боже да помислиме на таква околност, истакна Заев.

October 30, 2019 14:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дефинитвно одиме со имплеметација на Договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги  завршуваме забелешките кои стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите. Намерата е да испратиме недвосмислена порака дека Преспанскиот договор треба да се спроведе до крај зашто носи стратегиско партнерство, придобивки за нашата земја, нов пријател – нашиот јужен сосед и отвора многу перспективи, рече денеска премиерот Зоран Заев, пренесе МИА.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата по повод реформите во здравството, Заев напомена дека природна и практична е потребата да го чуваме, негуваме и имплементираме Преспанскиот договор кој, како што нагласи, го заокружи нашето членство во НАТО и, иако добивме разочарување од ЕУ, е најсериозната гаранција за почеток на преговорите.

– Намерата беше токму на ЕУ да и се испрати пораката, а не до грчкиот народ или политика, да водат грижа за поглавјата зашто треба час поскоро да ги отвориме. Променет е Уставот на државата, промената на името се применува секаде, стана наше секојдневие. Жалам што опозицијата не го користи. Со тоа испраќа многу сериозна порака, прво за непочитување на Уставот, а има амбиции и претендира за власт. Што ако стане власт? Веднаш провокации и две-три вета нови. Не дај Боже да помислиме на таква околност, истакна Заев.

Нарекувајќи го Преспанскиот договор „имотен лист“, премиерот потенцира дека тој ја гарантира нашата теритријална сувереност и интегритет, а тоа, повтори, не беше возможно без да се реши проблемот со името.

– Две третини од Договорот зборуваат за стратегиското партнерство, економијата, социјалната и здравствената заштита, одбраната, безбедноста, за многу перспективи кои треба да ги гледаме низ можностите што се отвораат за двете земји, подвлече претседателот на Владата.

Заев дополни и дека не е изгубена надежта за отворање на поглавјата.

– Ако и треба време на Европа, ќе го има. Си го даде. Ако треба лидерите да продискутираат, ќе продискутираат, ако треба и нови методологии ќе се вградат. Ние сме остров во ЕУ, сите околу нас се земји членки. Друга перспектива нема. Донесовме храбри одлуки, без разлика на политичките кариери. Ќе се интегрираме. НАТО е кончено заокружено, нема дилеми околу него. За жел, ЕУ е пролонгирана, но нема алтернатива и за неа. Тоа е јасно. Сето тоа го правевме за економски стандард, заклучи премиерот Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk