Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата на Р.С.М. ја демантираше информацијата дека земјава заедно со Албанија добила покана, да се приклучи во Евроазиска унија (ЕЕУ) откако не доби датум за отпочнување на преговори од Европската Унија.
„Нема покана. Ако стигнала веројатно има одбранбен ѕид околу Владата, па и тешко да стигне до нас затоа што затоа што тоа не нѝ паѓа на памет. Нема стигнато таква порака и се надевам дека нема да стигне“, рече Заев на прес-конференција во Владата.
Инаку, прашањето следува откако беа лиферувани информации во некои медиуми дека рускиот постојан претставник во Европската унија Владимир Чижов ги поканил Северна Македонија и Албанија да влезат во Евроазиската економска унија (ЕЕУ),
Од владата нагласуваат дека стратегиски интереси на државата се членството во ЕУ и НАТО и дека цврсто остануваат на определбата за исполнување на овие цели.
Како што пренесуваат медиумите, Чижов поканата ја упатил во петокот, за време на Евроазискиот економски форум во Верона, Италија.
И.Т.З.