ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Палмер: Поддршката на САД за европската перспектива ја разјаснивме тука, а тоа ќе го разјасниме и со нашите европски партнери

-Пораката е дека САД се партнер и пријател на Македонија, ние сме  посветени на оваа релација со Македонија и на нејзината европска интеграција, што ги вклучува и НАТО и ЕУ. Патот на Македонија до НАТО е чист, а за патот до вашето членство во ЕУ едвај го чекаме партнерството со властите во Скопје и со тие во Унијата, порача Палмер во изјавата што ја даде пред Владата, по средбата со премиерот Зоран Заев.

October 31, 2019 12:05
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

САД се пријател и партнер на Македонија и остануваат постевени на унапредување на односите со земјата и на нејзината европска интеграција, во која се вклучени и двата процеса, членството во НАТО и во Европската унија, пренесе МИА.

Ова е пораката што за време на престојот во Скопје ја испратил специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, кој изминативе денови имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а денеска и со премиерот Зоран Заев.

-Пораката е дека САД се партнер и пријател на Македонија, ние сме  посветени на оваа релација со Македонија и на нејзината европска интеграција, што ги вклучува и НАТО и ЕУ. Патот на Македонија до НАТО е чист, а за патот до вашето членство во ЕУ едвај го чекаме партнерството со властите во Скопје и со тие во Унијата, порача Палмер во изјавата што ја даде пред Владата, по средбата со премиерот Зоран Заев.

Палмер истакна дека за време на неговата посета била реафирмирана желбата за европската перспектива на  Македонија.

-Тоа го разјаснивме тука во Скопје, тоа ќе го разјасниме и со нашите европски партнери, рече Палмер и потсети дека имал средба и со амбасадорите на земјите од ЈИЕ, на која била споделени перспективите за натамошниот развој на регионот.

Нагласи дека за време на средбите во Скопје имал конструктивни разговори за неодамнешните случувања во Македонија, во Брисел, во регионот.

Палмер додаде дека изразил задоволство од ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Сенатот на САД и додаде дека Вашингтон со нетрпение чека земјата да стане 30. членка на НАТО.

Во врска со Договорот од Преспа рече дека САД продолжуваат да го поддржуваат и нагласи дека тој е мошне важен за безбедноста и стабилноста на целиот регион.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Јанчев: На трибината на СДСМ присуствував како одговорен градоначалник

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk