ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Парламентот се распушта на 11 февруари, ќе се ратификува ли Протоколот за НАТО?!

И претседателот на државата Стево Пендаровски на неодамнешната лидерска средба апелираше до политичките партии при утврдување на датумот за избори да ја имаат предвид ратификацијата на Протоколот за членство за да не се доведе државата во ситуација да има нефункционален Парламент и да не може да се ратификува Протоколот.

October 31, 2019 09:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието најави дека ќе го распушти законодавниот дом на 11 февруари или 60 дена од одржувањето на парламентарните избори закажани за 12 април. Со тоа се отвора дилемата дали земјава ќе има функционален парламент за да се ратификува Протоколот за членство во НАТО, пренесува МИА.

Според првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, како што изјави Џафери на вчерашниот брифинг со новинарите, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав. За ова прашање, како што рече Џафери, досега не разговарал со лидери на политички партии.

Премиерот Зоран Заев вчера изрази уверување дека ратификацијата на Протоколот ќе биде завршена навреме во нашиот законодавен дом.

– Јас верувам дека навремено ќе стасаме со оваа работа. Државата се подготвува, ние со нашите институции, во случајов Прламентот, да не бидеме пречка. Тоа значи на време Парламентот да го донесе новиот закон за одбрана. Тоа е важно затоа што преку него се адаптираме на сето она тоа што е обврска како нова членка на НАТО, а секако и навремена ратификацијата на Протоколот во нашиот Парламент, рече Заев.

Нагласи дека апелот на сите лидери на политички партии кои присуствуваа на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски бил да се искористи законскиот рок од 45 дена за да не се доведе државата во ситуација да не може го ратификува Протоколот за членство во НАТО.

И лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски смета дека доколку Собранието биде распуштено, тоа може повторно да се собере.

Тој вчера изјави дека на лидерската средба кај претседателот на државата било разговарано за можноста да се свика веќе распуштениот Парламент, доколку се појави потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО.

– Тоа било пракса и порано за итни и неодложни работи да се стават на дневен ред и да поминат, рече Мицкоски, додавајќи дека на лидерската средба биле присутни и претставници од Кабинетот на претседателот на државата, меѓу кои и професор, кој дал мислење дека за итни и неодложни ситуации, Уставот предвидува можност Собранието повторно да се собере.

И претседателот на државата Стево Пендаровски на неодамнешната лидерска средба апелираше до политичките партии при утврдување на датумот за избори да ја имаат предвид ратификацијата на Протоколот за членство за да не се доведе државата во ситуација да има нефункционален Парламент и да не може да се ратификува Протоколот.

Протоколот за членство во НАТО треба да биде ратифкуван во нашиот Парламент откако ќе помине ратификацијата во парламентите на земјите-членки на Алијансата. Досега, Протоколот го имаат ратификувано 26 држави, а остануваат уште Франција, Холандија и Шпанија. Во Шпанија, се очекува ратификацијата да помине во декември кога ќе се конституира шпанскиот Парламент.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk