ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН и СОНК ги продолжуваат преговорите, на средбата и Заев

Средбата ја најави премиерот Заев одговарајќи вчера на пратеничко прашање, при тоа истакна дека верува дека ќе се најде решение за платите на наставниот кадар. Посочи дека платите на наставниците за време на мандатот на сегашната Влада се зголемиле за 10 отсто, а во преговорите со СОНК понудиле уште десет проценти покачување, што кумулативно пресметано би изнесувало 21,4 отсто.

November 1, 2019 09:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска ќе одржат нова средба во врска со барањата на овој синдикат за зголемување на платите на наставниот кадар, а на средбата ќе присуствува и премиерот Зоран Заев, пренесува МИА.

Средбата ја најави премиерот Заев одговарајќи вчера на пратеничко прашање, при тоа истакна дека верува дека ќе се најде решение за платите на наставниот кадар. Посочи дека платите на наставниците за време на мандатот на сегашната Влада се зголемиле за 10 отсто, а во преговорите со СОНК понудиле уште десет проценти покачување, што кумулативно пресметано би изнесувало 21,4 отсто.

– Утре имам состанок заедно со сите нив, верувам дека ќе изнајдеме решение и тоа благодарение на тоа што Буџетот определил пари и има сопствени ресурси токму од парите на граѓаните без ниту еден денар задолжување. Тоа што досега е понудено ја преминува просечната плата, најниската просечна плата во образованието да биде поголема од просечната плата во државата. Верувам дека ќе се изнајде решение меѓу наставниците, учителите, професорите, застапени преку СОНК и другите синдикати и министерот за образование, додаде Заев.

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование на средбата во вторникот не постигнаа договор, но најавија повторна средба неделава.

По средбата, министерот Арбр Адеми изјави дека биле разгледани повеќе опции, повеќе можности и алтернативи за кои како на Министерство им е потребно дополнително време да ги разгледаат

– Ние нудиме решение и тоа трајно решение, три месеци порано или подоцна секако дека има влијание, но долгорочно истиот ефект го имаме, рече Адеми, додавајќи дека според новиот закон за наставници и стручни соработници во основно и средно образование првпат се предвидува професионален кариерен развој и оти при секое унапредување има поголема плата од тоа што е сега предвидено.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков посочи дека за нив се спорни две точки – зголемувањето на платите да биде поголемо од десет проценти и да почне од 1 јануари следната година. Изрази уверување дека министерот и Владата ќе направат напори да излезат со предлог прифатлив за СОНК.

МОН останува на ставот платите да се зголемат за 10 проценти во април, но од СОНК не се согласуваат со ова и најавија генерален штрајк за 11 ноември доколку не се постигне договор.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Комисијата за избори и именувања ќе одлучува за главен ревизор

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk