Министерот за економија Крешник Бектеши ја поддржува одлуката на Министерството за финансии со која, како што беше соопштено вчера, за три години се пролонгира воведувањето на прогресивното оданочување, пренесе МИА.
-Не би сакал да невлегувам во детали со оглед дека министерката вчера ја објасни одлуката и ефектите што произлегуваат од прогресивниот данок. Мерката не е укината, само е пролонгирана. Имајќи предвид дека се некои компании, посебно од ИТ индустријата бегаат од земјава, наш интерес е да отвориме што повеќе работни места, истакна Бектеши денеска, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по повод субвенционирањето на плинските уреди во возилата.