ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ: Се одложува данокот на доход од депозити и капитална добивка за 2023

– Ќе се воведат 2 даночни стапки зависно од периодот на поседување на хартиите од вредност односно, стапка од 15% за сите оние кои шпекулативно тргуваат на пазарите на капитал и со уделите, односно истите ги држат кај себе до 1 година. Инвеститорите кои ги држат хартиите од вредност од 1 до 10 години ќе се оданочуваат со стапка од 10%. Ослободени од овој данок ќе бидат долгорочните инвеститори кои хартиите од вредност и уделите издадени од инвестициски фонд ги чуваат повеќе од 10 години од денот на продажбата, но и хартиите од вредност стекнати од иницијална јавна понуда, со цел охрабрување на компаниите за првично отварање кон јавноста преку издавање на акции по пат на иницијална јавна понуда – рече Ангеловска.

November 3, 2019 13:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Се одложува оданочувањето на доходот на камати од депозити и на доходот од капитална добивка од хартии од вредност, кои требаше да стапат на сила на почетокот на 2020 година, за три години подоцна, односно за 2023 година. Исто така, освен одлагањето се предлага намалување на даночните стапки, односно од 15% на 10% за депозитите и стапки од 0% до 15% кај капиталната добивка, во зависност од време на поседување на хартиите од вредност. Ова ќе биде предвидено со измените на Законот за данок на личен доход кои ќе ги предложи Министерството за финансии врз основа на сеопфатни анализи. Министерката за финансии Ангеловска истакна дека значаен исчекор е и дека решението кое ќе стапи на сила од 2023 година, е познато на јавноста уште сега, пренесе МИА.

Кај оданочувањето на капиталната добивка од хартии од вредност, Анегловска рече дека ќе се направи системско решение со кое висината на даночната стапка ќе зависи од периодот кој инвеститорот ќе ги поседува хартиите од вредност. Оние кои се долгорочни инвеститори ќе бидат ослободени од плаќање на овој данок.

– Ќе се воведат 2 даночни стапки зависно од периодот на поседување на хартиите од вредност односно, стапка од 15% за сите оние кои шпекулативно тргуваат на пазарите на капитал и со уделите, односно истите ги држат кај себе до 1 година. Инвеститорите кои ги држат хартиите од вредност од 1 до 10 години ќе се оданочуваат со стапка од 10%. Ослободени од овој данок ќе бидат долгорочните инвеститори кои хартиите од вредност и уделите издадени од инвестициски фонд ги чуваат повеќе од 10 години од денот на продажбата, но и хартиите од вредност стекнати од иницијална јавна понуда, со цел охрабрување на компаниите за првично отварање кон јавноста преку издавање на акции по пат на иницијална јавна понуда – рече Ангеловска.

Таа посочи дека Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза доставиле до Министерството за финансии компаративна анализа и проценка на ефектите од имплементација на моменталното законско решение, кои се навистина незначителни.

–   Во услови кога полека се враќа довербата на граѓаните во македонскиот пазар на хартии од вредност и физичките лица се се’ повеќе присутни на пазарот, она што најмалку сакаме е дестимулативно да влијаеме врз истиот. Особено важна работа е обврската која се спремни да ја преземат сите инволвирани страни – Македонска берза, Комисијата за хартии од вредност, Централниот депозитар на хартии од вредност, да се ангажираат во градењето на електронски-поврзан систем со кој спроведувањето на одредбите од Законот нема да биде оставен на товар и волја на граѓаните, а данокот автоматски ќе биде пресметан и уплатен во Буџетот – рече Ангеловска.

Се предлага и намалување на даночната стапка кај доходот од камата од депозити на 10%, наместо тековните 15%, за да се изедначи со третманот кој што ќе го имаат граѓаните кои своите заштеди ги пласираат долгорочно на пазарот на капитал.

– Ремоделираното решение кое ќе го предложиме предвидува елиминирање на ослободувањето што е предвидено во моменталното законско решение, за плаќање на данок на доход од камати над 15.000 денари. Со тргнувањето на ослободувањето, прво значително ќе се поедностави администрацијата на данокот, а второ, ќе се обезбеди изедначен третман на заштедите со долгорочното инвестирање на пазарите на капитал – рече Ангеловска.

За данокот на доход на депозити, Ангеловска реше дека причината поради која се предлага одлагање е пред се’ резултат на потребата од нормативно доуредување, во делот на обврската за известување од страна на банките и штедилниците, како и поедноставување на администрирањето на данокот преку предностите кои ги овозможува технологијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Анѓушев: Не влијаев на замрзнувањето на прогресивниот данок

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk