ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Олеснети условите за кредити во третиот квартал, се очекува трендот да продолжи

Најголемо олеснување е забележано кај каматната стапка, како и во однос на барањата за обезбедување.

November 5, 2019 13:09
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кредитните услови и за домаќинствата и за претпријатијата во третиот квартал годинава бележат олеснување. Податоците објавени од Народната банка во Анкетата за кредитна активност покажуваат дека натамошно олеснување на условите се очекува и во четвртиот квартал, пренесе МИА.

Податоците укажуваат на тоа дека има минимално намалување на побарувачката на кредити во споредба со претходната анкета, но оти се очекува во четвртиот квартал од годинава да има раст на побарувачката на кредитите.

Кај корпоративниот сектор поизразено олеснување има за кредитите на малите и средни претпријатија и за краткорочните. Сепак, стои во Анкетата, поголем дел од банките односно 82 отсто укажале на непроменети услови при одобрување на кредитите на претпријатијата.

Најголемо олеснување е забележано кај каматната стапка, како и во однос на барањата за обезбедување.

Кај секторот население нето олеснување на условите е забележано кај станбените и кај потрошувачките кредити. За станбените кредити, околу 59 отсто од банките укажуваат на олеснување на кредитните услови, што е највисок процент во последниве пет години. За потрошувачките кредити, пак, околу една третина од банките укажуваат на нето-олеснување на условите за кредитирање, но и натаму најголем дел од банките упатуваат на непроменети услови.

Оценетото нето-олеснување во поголем дел произлегува од каматната стапка кај двата типа кредити на домаќинства, при што значително е поизразено кај станбените кредити.

Олеснувањето на кредитните услови во поголем дел произлегува од каматната стапка кај двата типа кредита на домаќинствата. Најголемо влијание на промена на условите за одобрување на кредитите е наведена конкуренцијата од другите банки.
Next Post

Поранешните вработени од „Охис“ повторно на протест, државата сè уште без решение

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk