ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Улогата на пудрата за евро-пенетрација

Се чини дека Французите никако не можат да ги еманципираат своите модерни политики за Балканот без да се потпираат на своите столетни, макар и компромитирани регионални сојузништва и комбинаторики. Ах, да: и да се, во принцип, барем малку против американските современи политики за југот на Европа. Со многу пудра и принципиелно пуфкање!

November 5, 2019 09:08
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Не е лесно да се биде француски амбасадор во Скопје изминативе неколку недели. Од една страна, мора дневно да се менаџираат конфликтните и контроверзни ставови за проширувањето на ЕУ кои доаѓаат од различни центри на моќ во Париз (на пример, оние на Сенатот, наспроти претседателскиот став); од друга страна, тоа треба да се прави со една амбасадорска поза на принципиелност, која кај сегашниот француски амбасадор доаѓа како неодолива мешавина од симпатичност и жовијалност, лесно обоени со една напудрена француска помпезност.

На сите им е јасно дека за потребите на преобмислувањето на ЕУ преку политиката на Макрон нема логичен начин како да се оправда – au contraire,  напротив –каприциозното евро-интегративно француско вето за Македонија. Како и да ја завртиш, таа приказна не држи вода. Импресивен е бројот и кредибилитетот на меѓународните поддржувачи кои сега инсистираат на добивање датум за отворање преговори на Македонија со ЕУ. Просто, мерак да ти дојде, кога причините и последиците од ова про-македонско евро-лицитирање не би биле толку непријатни по нас.

А потоа и онаа неодипломатска забелешка на пратеникот Мухамед Зеќири за влијанијата што ги трпи и квалитетот на домашните безбедносни извори на кои е изложен сегашниот француски амбасадор, што може да ви го потврдат сите кои барем малку под површината ги следат случувањата во овдешниот дипломатски кор. Ставањето на располагање на тој удбашки круг, со кој искрено соработуваше поранешниот претседател Иванов, на континуирана услуга на овдешните француски амбасадори прави штети кои не се мерат само во нивниот политикантски капацитет за производство на афери, скандали, политички манипулации и „лепливи“ озборувања; туку радиоактивно ве изложува на разорните источни идеолошки и политички влијанија коишто струјат низ Македонија од српскиот север и од рускиот исток на европската балканска политика.

Се чини дека Французите никако не можат да ги еманципираат своите модерни политики за Балканот без да се потпираат на своите столетни, макар и компромитирани регионални сојузништва и комбинаторики. Ах, да: и да се, во принцип, барем малку против американските современи политики за југот на Европа. Со многу пудра и принципиелно пуфкање!

Следствено, така некако му излегува, со години по ред СДСМ не може да најде искрена дипломатска поддршка што би дошла од Париз. Познавав француски дипломати кои, со еден Наполеоновски сентимент по мали, но силни лидери, не можеа да го прежалат падот на Груевски и неговото „државата-тоа-сум-јас“ владеење речиси до самиот негов грд крај. Не дека со тоа имале некакво решавачко влијание врз овдешните процеси – оти, кај можеш ти на Американците и нивната јасна хамбургер-дипломатија да им ја објасниш гастрономската важност на префинетите бешамел, еспањол и холандез сосеви! Ама, колку да ја пресолат манџата, за тоа Французите, еве, не ја пропуштаат и оваа прилика.

Сакам да кажам, Франција е добар пријател на Македонија. Кога работите не зависат од неа. Тогаш, пак, кога зависат, секогаш е подготвена за некоја дополнителна компликација. Не од лоши намери, туку од принцип. Како мали, љубопитни деца кои ќе го растурат џепниот часовник за да видат како работи. После оставаат друг да го склопува и да ги бара по тепихот изгубените делчиња. Ни го губат времето.

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Крмзов доби 30 дена притвор

June 10, 2025
Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слабиот моќник на Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk