ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонесите пред пратениците

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 116. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, се ратификациите на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и кабинетот на министри на Украина за условите за заемни патувања на државјаните, и на Договорот меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК-податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила и Имплементацискиот договор на Договорот меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ за автоматизирана размена на ДНК-податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила

November 5, 2019 09:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 116. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, се ратификациите на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и кабинетот на министри на Украина за условите за заемни патувања на државјаните, и на Договорот меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК-податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила и Имплементацискиот договор на Договорот меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ за автоматизирана размена на ДНК-податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила, пренесе МИА.

Пратениците во рамките на оваа седница треба да ги разгледат и Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување плата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, двата по скратена постапка, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за правда за децата, двата во прво читање.

Во рамките на оваа седница ќе се разгледуваат и Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, поднесен од пратеници од опозицијата, предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, предлог на одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан.

Меѓу другото, во рамките на оваа седница ќе се расправа и по Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид, кој ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Next Post

Денеска претежно сончево време, од четврток дожд

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk