ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Одлуката за штрајк на вработените во ФЗО во мирување, договорени одредени чекори за изнаоѓање решение

– Ги разбирам нивните барања, меѓутоа сметам дека најавата за штрајк не е начин да се решат тие проблеми. Денеска мислам дека најдовме заеднички прифатливо решение и ќе работиме заедно со цел да видиме што можеме заеднички да направиме, рече Дончев, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за искуствата од најновата иновативна терапија за мултипла склероза во организација на Универзитетската клиника за неврологија.

November 6, 2019 16:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Имавме средба со претставници на УПОЗ, договоривме одредени чекори кои заеднички ги преземаме со цел да се изнајде заеднички прифатливо решение и тоа ќе го работиме во периодот кој следи, во наредните две до три недели и верувам дека на крајот ќе излеземе со предлог кој ќе биде на општо задоволство, истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, пренесе МИА.

Средбата на претставниците на Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и синдикалните претставници од ФЗО со директорите на Фондот се одржа по најавата за протест на вработените во Фондот кои бараат зголемување на нивните платите и потпишување на колективниот договор.

– Ги разбирам нивните барања, меѓутоа сметам дека најавата за штрајк не е начин да се решат тие проблеми. Денеска мислам дека најдовме заеднички прифатливо решение и ќе работиме заедно со цел да видиме што можеме заеднички да направиме, рече Дончев, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за искуствата од најновата иновативна терапија за мултипла склероза во организација на Универзитетската клиника за неврологија.

Претседателот на Синдикална организација на ФЗО при УПОЗ, Вулнет Мурсели по средбата рече дека одлучиле да ја стават во мирување одлуката за штрајк се додека не се изнајде решение.

– Ќе се преговара интензивно овие две недели и ќе имаме можност да имаме усогласување на колективниот договор и да се видат законските можности за корекција на платите, посочи Мурсели.

Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски рече дека незадоволството на вработените од Фондот не е од вчера, туку веќе подолго време со менаџментот на ФЗО разговарааат на темата – корекција на платите и потпишување на колективниот договор.

– Денеска двајцата директори на Фондот покажаа добра волја. Постигнавме договор со конкретни датуми и доколку во тој период не се реализира договореното ние го имаме правото повторно да организираме протест, а ако е незадоволството поголемо и штрајк. Вработените во Фондот имаат најниски плати споредено со платите на вработените во здравствените установи. Рокот е до 20 ноември да бидеме информирани за тоа што како менаџметот ќе го направат и да нè известат за процентот на зголемување на платите. До 1 декември оставивме рок да се усогласат ставовите за колективниот договор. Ако нема спорни прашања најдоцна до 1 декември да го потпишеме колективниот догововр. Доколку до овој датум не се постигне договор во врска со платите и не се потпише колективниот договор, тогаш ќе ја активираме одлуката за протест, евентуално и за штрајк, додаде Грујовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

July 18, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски на бизнис форум во Лондон: Британските компании да ги истражат можностите кои ги нудат македонскиот пазар и економија

July 18, 2025

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk