ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Договорот за хеликоптерска прва помош и за спасување нема да ја чини државата ни денар, услугата за граѓаните е бесплатна

Двата хеликоптера, хелиодромите и другата опрема, по истекот на договорот, остануваат во сопственост на Северна Македонија

November 7, 2019 10:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар во Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски вчера одржа брифинг со уредници и новинари за спроведената постапка за избор на најповолна понуда за воспоставување на Јавно приватно партнерство (ЈПП) за формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР), соопштија од Владата на Р.С.М.

На брифингот Рашковски ги запозна уредниците и новинарите за постапката и утврдените критериуми за учество во јавниот повик за избор на партнер според Законот за јавно-приватно партнерство, како и за одлуката на Владата на Република Северна Македонија да ја прифати информацијата на Генералниот секретаријат, според која за  избор на приватен партнер за оваа дејност се утврдува САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, која ги задоволи условите на јавниот повик и која е компанија на SHC Swedish Helicopter Consortium AB регистрирана во Шведска.

Тој информираше дека интерес за повикот покажале 8 компании, од кои 5 подигнале тендерска документација. Тоа се компаниите Babcock International, German Healtcare Services DOO Kosel-Ohrid, SHC Swedish Helicopter Consortium AB, Eli Friulia Helicopter Centar (SOS ARL), и Air Transport Europe.

Договорот за Јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Северна Македонија и за хеликоптерските услуги за пребарување и спасување треба да биде потпишан најдоцна за 30 дена од донесувањето на одлуката за прифаќање на ЈПП за оваа дејност.

Согласно критериумите на повикот за ЈПП, САРХЕМС ДООЕЛ Скопје најдоцна за шест месеци по потпишување на договорот ќе стави на располагање два хеликоптера опремени за давање медицински услуги за прва помош и за пребарување и спасување бесплатно за граѓаните на Северна Македонија, кои најмногу за 15 минути треба да бидат на местото каде што треба да биде извршена интервенцијата.

Обврска на приватниот партнер, односно САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, е во рок од 6 месеци да изгради 8 сертифицирани хелиодроми во 8 градови во Северна Македонија, а Владата на РСМ да отстапи за таа намена државно земјиште на времено користење.

Како целосни дезинформации, генералниот секретар на Владата на РСМ Рашковски ги оцени наводите што ВМРО-ДПМНЕ ги истакна во јавноста дека овој договор ќе ги чини граѓаните и Буџетот на државата 72 милиони евра, што е злонамерна интерпретација добиена од вредноста на инвестицијата, што е трошок на приватниот партнер, помножена со бројот на годините на кои ќе биде потпишан договорот.

„Напротив, освен што државата овој Договор за ЈПП за услуги за хеликоптерскиот итен медицински систем и за хеликоптерските услуги за пребарување и спасување нема да ја чини ни денар, двата хеликоптера, хелиодромите и другата опрема за извршување на оваа дејност, согласно договорот за ЈПП, по истекот на договорот во рок од 8 години, остануваат во сопственост на Република Северна Македонија“, соопштуваат од Владата.

Генералниот секретар Рашковски објасни дека договорот за ЈПП на приватниот партнер му овозможува да ги наплати своите услуги согласно неговиот бизнис модел од осигурителните компании врз основа на полисите за осигурување и другите форми на патнички осигурувања на странските државјани што престојуваат во земјата или што транзитираат низ неа, што е вообичаена и утврдена пракса во земјите со САР и ХЕМС сервиси.

Дополнително, компанијата САРХЕМС ДООЕЛ Скопје за цело време на траење на договорот има обврска да плаќа надомест за стекнатото партнерство за обавување на оваа дејност во висина од 10.000 евра годишно, во денарска противвредност во Буџетот на Република Северна Македонија, соопштија од Владата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Претставата „Рацин“ на велешкиот театар е забележителен, нов сценско – музички перформанс, МТФ „Војдан Чернодрински“ вечер ја завршува програмата

June 12, 2025

Мицкоски за коментарите за селективна правда за Кочани: Директно сум нападнат од овие некрофили, а јас молчам

June 12, 2025
Фото: МИА

Не помина во Собранието предлог законот за една изборна единица со отворени листи предложен од Зајкова

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради пожарот во Вардариште без струја 47.000 корисници во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk