ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Не е до моделот туку до капацитетот   

За дарежливоста на СДСМ и за себичноста на ВМРО-ДПМНЕ. Теоријата вели дека алтруизмот, всушност, не е грижа за послабиот, туку одраз на себичност. Во суштина, СДСМ не сака една изборна. Но еве сака да биде голема и во очите на малите. Застана зад иницијативата што, впрочем, беше и нејзино предизборно ветување.

November 7, 2019 14:18
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Како што се плашат од избори, се плашат уште повеќе од една изборна. А една изборна е простор каде што секој глас на секој граѓанин е ефектен и каде е ефектна и волјата на секој гласач. Е, да, големите ќе загубат по нешто од својата децениска моќ. За малите пак, мали се зашто така не решиле тие туку гласачите. Не заслужуваат протекција. Меѓу нив и солисти, побаеги нереално амбициозни и некорисно присутни во политиката. Партии фамилии кои две, три децении се павтаат наваму натаму по плурализмот. Но нејсе, демократија е, нели.

Во основа е вредно, многу вредно, проектот една изборна да успее. Македонија да биде единствена гласачка територија. Секој глас од секој гласач да има своја директна партиска или персонална сатисфакција. Фер и демократски. Не поради малите партии на амбициозните поединци, туку баш за демократијата. И мотив плус за граѓаните. Да не пропадне ниту еден глас, ниту едно излегување на избори да не биде само абење чевли.

Збор два за темата, за дарежливоста на СДСМ и за себичноста на ВМРО-ДПМНЕ. Теоријата вели дека алтруизмот, всушност, не е грижа за послабиот, туку одраз на себичност. Во суштина, СДСМ не сака една изборна. Но еве сака да биде голема и во очите на малите. Застана зад иницијативата што, впрочем, беше и нејзино предизборно ветување. Ако тогаш сакаше да се додвори на малите за гласови и коалиции, сега нема мрдање. Треба да си стои на зборот, па, кому иде. Со моделот една изборна, нормално, и ќе загуби по некој пратеник. Но партијата, ризично и мудро, веројатно калкулира тоа да го компензира со својата постизборна коалициска моќ.

ВМРО-ДПМНЕ пак, останува тврдо на ставот дека не ја дава предноста со сегашниот изборен модел наклонет на големите. Партијата не сака да ризикува. Впрочем, форсирајќи го популизмот, таа никогаш досега ништо и не рескирала. Секогаш друг ѝ ги туркал сите непопуларни, но нужни одлуки за државата. И за фиром на времето, и за рамковниот, потоа и за преспанскиот и за јазиците од неодамна. Така и ова со изборниот модел сега.


Преземено од ЦИВИЛ Медиа. Кликнете тука за повеќе.

Next Post

Макрон за „Економист“: НАТО е на смртна постела, а Европа на работ на амбис

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk