ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наставниците денеска треба да знаат дали новото покачување на платите ќе го добијат од јануари

Најверојатно, покачувањето ќе остане на предложените 10 проценти, иако СОНК на почетокот бараше тоа да биде пропорционално со процентот на зголемувањето на минималната плата.

November 8, 2019 09:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Вработените во образованието денеска, според најавите, треба да знаат кога ќе го добијат новото покачување на платите, за кое Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) инсистира да почне од 1 јануари, а не од април 2020 како што им понуди Владата, пренесе МИА.

Во 11.30 часот денеска во просториите на Министерството за образование и наука е закажана средба на министерот Арбер Адеми со претставници на СОНК. Адеми и претседателот на Синдикатот Јаким Неделков вчера најавија дека денеска може да се очекува конечната одлука, а СОНК одлучи и штрајкот најавен за понеделник  (11 ноември) да го стави во мирување додека не се усогласат околу терминот за исплата на повисоки плати.

Најверојатно, покачувањето ќе остане на предложените 10 проценти, иако СОНК на почетокот бараше тоа да биде пропорционално со процентот на зголемувањето на минималната плата.

Адеми вчера изјави дека уште во текот на денот ќе има јасна слика за можностите и, како што рече, „до каде можеме и што можеме во врска со покачувањето на платите на просветните работници“.

Министерот го посети СОНК додека заседаваше неговиот Совет околу одржувањето на штрајкот и по средбата изјави дека сè уште не утврдиле финален став за, како што рече, „поместувањето на моментот“ на кој ќе се базира идното, трето покачување на платите.

– Се прават напори за обезбедување на потребните средства. Ова не се празни фрази, туку силна заложба да се најде заедничко прифатливо решение, нагласи министерот за образование и наука и посочи дека сега се разгледува опцијата наместо од април, да се обезбедат средства за зголемувањето на платите од јануари, како што бара СОНК.

За денеска ги повикал претставниците на СОНК на „последна рунда преговори“ во просториите на МОН за да разговараат за ставовите.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков претходно соопшти дека штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образование и наука, образложувајќи дека мирувањето е врз основа на анализите дека за зголемување на платите на МОН му се потребни уште неколку дена.

И премиерот Зоран Заев на новинарско прашање вчера одговори дека  одлуката за зголемување на платите на просветните работници  денеска ќе ја соопшти министерот Адеми.

– Министерот за образование и наука преговара со министерката за финансии. Тука се на припомош и другите ресори коишто прават свои отстапки, затоа што буџетот е толку. Сите солидарно гледаме да ги задоволиме приоритетите. Секако одлуката треба да биде соопштена утре, посочи Заев вчера.

Ланскиот и овој септември наставниците добија повисоки плати за по 5 проценти, но СОНК побара  платите да бидат зголемени до 25 отсто односно за онолку проценти колку што пораснала минималната плата. На првиот училиштен ден од учебната 2019/2020 Синдикатот организираше еднодневен предупредувачки штрајк со најава дека тој ќе биде активиран доколку за еден месец не биде постигнат договор.

По одржани неколку средби, најава дека има напредок во преговорите и поместување на позициите, но не и конечен договор, Адеми и Неделков соопштија минатиот петок по состанокот во Владата, искажувајќи оптимизам дека наскоро ќе има заемно прифатлива одлука.

Next Post

Во Женева средба на Заев и Димитров со Дендиас

НАЈНОВО

Рим, Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места

August 19, 2025
фото: Охридско лето

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“

August 19, 2025
Фото: илустрација / unsplash

Студија: Светската стапка на самоубиства намалена за речиси 30 отсто од 1990 година

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk