ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Пасиштата се потенцијал за алтернативни видови на туризам

Примена на мерки за подобрување на состојбата со деградираните пасишта во неколкуте пилот-пасишта Лера, Улазна и Дуфска Планина, Врбенско брдо, поставување боксови за молзење за овци и фотоволтаични панели, како и чистење на смреките и дрвенастите грмушки, се дел од резултатите од проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“

November 8, 2019 16:32
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Примена на мерки за подобрување на состојбата со деградираните пасишта во неколкуте пилот-пасишта Лера, Улазна и Дуфска Планина, Врбенско брдо, поставување боксови за молзење за овци и фотоволтаични панели, како и чистење на смреките и дрвенастите грмушки, се дел од резултатите од проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“, што беа презентиран и денеска, пренесе МИА.

– Преку овој проект се овозможува помош и поддршка во процесот на брендирање и идентификување на локалните производи на Шар Планина како овчо сирење, јагнешко месо, пастрмка и волна, информира Александра Каракашова Сачкарска, претставник на проектот којшто во изминатите 18 месеци го спроведе Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Здружението на агроекономисти и Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта.

Кашкарова Сачкарска информираше дека е овозможено значителна поддршка во однос на правење  на визуелна идентификација – лого, предлог пакување на производите и упатство како да ги брендираат и заштитат согласно со Законот за квалитетни земјоделски производи.

Во однос на економскиот развој, посочи таа, биле изработени анализи на клучни чинители, засегнати страни, можности за развој, капацитети, вмрежување, стратешки документи за развој на еко и агро туризам, маркетинг стратегии.

– Овие подрачја имаат потенцијал и со добра организација и поддршка од надлежните  институции во иднина може да бидат развиени и да нудат туристички услуги во некои од алтернативните видови на туризам: рурален, еко и агро туризам, со посета на бачила, со нудење дегустација на сирење, месо, запознавање на процесот со одгледување на овци, правење на сирење и слично. Но, за тоа треба да се работи многу, рече Каракашова Сачкарска.

Љуљзим Фејзулаи, директор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта истакна дека благодарени на проектот се направени четири бачила или пасишта.

– Имаше неколку придобивки од ова: од социјален карактер се интервенираше во пасишта каде што има млади фармери и да се помогнат да опстанат на пасиштата, бидејќи знаеме дека условите се малку потешки зашто намема електрична енергија, немаме патишта, кога нема овци и стока тие пасишта се деградираат. Оваа помош е добредојдена за тие да опстанат на пасиштата, да имаат свој економски бенефит самите фермери, а додека ние како јавно претпријатие проектот го земаме како модел и веќе сме во процес да го мултиплицираме во другите делови на пасишта, а не само во Шар Планина, рече Фејзулаи.

Тој истакна дека нивна интенција е со овие пилот-проекти со помош од Владата, Министерството за земјоделство и ЈП за пасишта да инвестираат за да се врати, како што рече, старата слава на овчарството, а со тоа и старата слава на шарското јагне, бидејќи неговиот извоз за Италија и носи големи девизни приливи на државата.

Во рамки на проектот е подготвена и веб страница  www.pasista.mk.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЕУ

Веќе 40 години Шенген е успех за Европа, но дали е сега под закана?

June 21, 2025

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво

June 21, 2025

АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk