ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на Димитров со Борел и со советникот на Макрон, Клеман Бон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на маргините на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“ организиран од Светскиот економски форум во Женева, денеска се сретна со шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел, кој е номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон

November 8, 2019 17:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на маргините на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“ организиран од Светскиот економски форум во Женева, денеска се сретна со шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел, кој е номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, пренесе МИА.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата со шпанскиот министер и иден висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Борел, биле разменети мислења за неколку теми, со акцент на очекувањата за временската рамка за ратификација на Пристапниот протокол на Северна Македонија кон НАТО, со оглед на претстојните избори во Шпанија, како и за европската перспектива за регионот, ЕУ аспирациите на Северна Македонија и следните чекори по октомврискиот Европски совет.

Притоа, се додава во соопштението, стана збор и за последиците од исходот на Самитот за земјава и регионот, можниот развој на настани во регионален контекст, како и за приоритетите во работата на високиот претставник на ЕУ.

– Министерот Димитров, посакувајќи му на Борел успех во извршувањето на претстојната значајна функција, изрази надеж дека за време на неговиот мандат ќе дојде до суштинско и мериторно придвижување на земјите од регионот кон ЕУ, истакнувајќи дека: „европски Западен Балкан е заеднички стратешки интерес и на ЕУ и на нашиот регион“, стои во соопштението.

Со советникот на претседателот Макрон, Клеман Бон, министерот Димитров, како што се посочува во соопштението, имаше отворен разговор за тоа како да се овозможи заедничка победа и успех преку адресирање на грижите на Франција, на Европската Унија, Северна Македонија и на регионот.

Next Post

ОХИС: Истекла течност од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер, инспекторатот во контрола

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk