Во пресрет на утрешното супер-дерби од Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, италијанскиот фудбалски стручњак Фабио Капело, направи споредба на тренерите на Ливерпул и Сити, пренесува МИА.
– Според мене, Клоп во Ливерпул направи нешто магично, атмосферата во тимот е фантастична, фудбалерите ги рефлектираат чувствата на навивачите. Конекцијата на фановите со играчите е уникатна. Гвардиола е поинаков. Мислам дека тој сака тимот да игра како да е во театар. Шоуто е супер, но тој сака и уметност, театар – анализира Капело.
Утрешниот меч на „Енфилд“ е важен, бидејќи Ливерпул има шест бода повеќе, и ако триумфира, ќе побегне на дури девет, што би можело да се покаже како недостижна разлика. Но, Сити ја брани титулата, тие се последен англиски тим кој ги совладал „црвените“.