ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За две години над 20 проценти покачување на платите на просветарите

За две години вработените во основното, средното и во високото образование се изборија за трето покачување на платите со кое на нивните сметки за два месеца ќе легнат нови 10 проценти. Просветарите минатиот и овој септември добија по пет отсто

November 9, 2019 10:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За две години вработените во основното, средното и во високото образование се изборија за трето покачување на платите со кое на нивните сметки за два месеца ќе легнат нови 10 проценти. Просветарите минатиот и овој септември добија по пет отсто, пренесе МИА.

Министерот за образование Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков вчера ги договорија новите 10 проценти покачување на платите кое ќе важи од 1 јануари 2020 година.

За министерот Адеми ова е историски момент затоа што ова е, како што рече, дополнително, трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти, нагласувајќи дека кумулативно платите се зголеми од 21,3 проценти во еден мандат.

За поместувањето на исплатата за три месеци порано, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Адеми рече дека наставниците заслужуваат повисоки плати и дека секогаш МОН ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по вчерашниот договор истакна дека е задоволен од исходот на, како што рече, последната рунда  преговори по неколкуте средби со министерот за образование, но нагласи дека ова не значи затворање на прашањето за статусот на наставниците, туку е почеток на нови конструктивни преговори за дополнителни прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот, како што е регресот за годишен одмор, враќање на реални трошоци за превоз до работното место и назад, реалното вреднување на работата во комбинирани паралелки, реално исплаќање на дополнителни часови во наставата итн.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција по објавувањето на договорот меѓу МОН и СОНК рече дека владата која тие ја предводеле склучила колективен договор со кој што се предвидувало динамично зголемување на платите од 25 проценти и дека оваа влада за три години на власт не направила никакво зголемување на платите со што според него, се прекршува колективениот договор.

Од опозицијата велат дека го поддржуваат секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.

Next Post

Лидерите од Западен Балкан утре во Охрид

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk