ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Напредното учење на далечина е чекор напред за младите генерации

Како што појасни денеска министерката, напредното учење на далечина е перформанс за помалку пари.

November 13, 2019 15:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Напредното учење на далечина е чекор напред во една област која е се поактуелна поради две причини – многу е практична и штеди ресурси. Тоа го сакаат нашите министри за финансии, но тоа го сакаме и ние како министри за одбрана. Тоа е тема која на младите генерации им ги зголемува шансите да стекнат знаења кои ќе ги направат конкурентни при барањето на работа, но и при напредокот во својата кариера, пренесе МИА.

Ова денеска го истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на отворањето на Меѓународната научна конференција „MILCON 19“ во Скопје, посветена на современото образование засновано на напредно учење на далечина.

Конференцијата е во рамките на проектот РАДЛИ (Регионална иницијатива за дистрибутивно учење на регионално ниво), поддржан од Норвешка и во имплементација на американскиот Џеферсон Институт. Целта е споделување искуства и добри практики во користењето на напредни техники за учење на далечина во разни научни области.

Како што појасни денеска министерката, напредното учење на далечина е перформанс за помалку пари.

– Политика без наука не може да функционира. Може да функционира, но со ризик за големи грешки. Патувам многу, среќавам многу свои колеги од политичкиот свет, меѓутоа вистинските интересни дебати се случуваат особено кога ќе направиме крстосница меѓу луѓе од политиката и луѓе од науката, оние кои можат да размислуваат пошироко, послободно, покреативно и оние кои мора да носат одлуки, рече Шекеринска.

Министерката додаде дека ако одлуките што ги носиме ги базираме на знаење, на рацио или на прагматични анализи кои што се базираат на докази, тогаш тие ќе бидат многу подобри.

Според неа, партнерството со проектот РАДЛИ е од дополнително значење затоа што покажува дека во овој регион ги научивме лекциите од минатото, научивме како да соработуваме, дури и кога не се работи само за пошироки проекти, туку соработуваме заради тоа што, како што појасни, сакаме да имаме добро соседство и да имаме добри соседи.

Шекеринска истакна дека регионалната соработка со Србија, Словенија и Босна и Херцеговина, но и поврзаноста на регионот со светот, овозможен од партнерите и идни сојузници од Норвешка и од Џеферсон Институтот, покажува дека имаме многу што заедничко и имаме заеднички интереси.

– Технологијата, а особено информатичките технологии, го трансформираа нашиот живот. Ни ги направија целите повисоки амбициите поголеми, хоризонтите пошироки, а брзината неверојатна. Некогаш дури и по цена на нашето здравје и нашите нерви, а како што појасни, да се стави сето тоа во функција на наука и образование, е навистина чин на визионерство и мудрост, рече Шекеринска.

Министерката Шекеринска истакна дека светот одамна оди по патека на технологијата, но изрази увереност дека и ние не заостануваме.

– Целта ни е јасна, и нашите ресурси ги ставаме таму каде што е наша цел. Имаме капацитети, имаме знаење, имаме ум за сето ова. Но, секогаш може да биде и подобро. Токму оваа технологија, токму интернетот, фактот дека светот веќе е на дланка, ни ги нуди неограничените можности за сево ова, рече министерката.

Според Шекеринска, спојување на военото знаење и информатичките технологии дава фантастичен резултат што може да биде во служба на општото добро, може да биде служба на безбедноста, мирот и просперитетот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Србија за неколку дена може да воведе 24-часовна фитосанитарната и ветеринарна инспекција на Прешево

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025
China Media Group

Кина го тестира најбрзиот воз: „ЦР-450“ достигна 453 километри на час

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk