ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев утре во Солун на средба со Мицотакис и претставници на грчки компании

 Средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со нашите институции, најави денеска премиерот Зоран Заев за време на неговата посета на Солун, каде ќе се сретне и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

November 13, 2019 13:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со нашите институции, најави денеска премиерот Зоран Заев за време на неговата посета на Солун, каде ќе се сретне и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, пренесе МИА.

Заев одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“ во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје рече дека утре заминува за Грција и нагласи дека ќе се обрати на годинашниот Самит во Солун и ќе информира присутните за сите предности што ги има во земјава.

-Сакам да го споделам чувството на задоволство, колку е голем интерсот на грчките компании, особено за долната половина на државата поради близината на транспортот, рече Заев.

Самитот во Солун се одржува утре и задутре под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопиус Павлопулос.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев на самитот е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”, која ќе се одржи во четврток вечер на 14 ноември.Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.Премиерот денеска одговарајќи на новинарски прашања изрази задоволство од средбата меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Франција, Емануел Макрон, нагласувајќи оти е задоволен од позитивните коментари кои ги изнел Пендаровски по средбата.

Истакна дека следува реформирање на методологијата на преговорите, но оти останува мотивацијата на институциите дека треба да продолжат да работат и да бидат фокусирани на процесот.

Next Post

Владата ќе ги поддржи печатените медиуми со 50.000.000 денари

НАЈНОВО

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk