ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Имате одговорност како што прилега на армија на земја-членка на НАТО

Да се има офицерски чин е голема чест, но уште поголема одговорност кон Армијата и татковината. Оваа ваша одговорност ќе треба да ја носите со достоинство како што и прилега на една армија на земја-членка на НАТО, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на свеченоста по повод заклетвата на 23-та класа на питомци и слушатели од курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери, како и промоцијата на 19-та класа на питомци во чин потпоручник во нашата Армија

November 15, 2019 16:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Да се има офицерски чин е голема чест, но уште поголема одговорност кон Армијата и татковината. Оваа ваша одговорност ќе треба да ја носите со достоинство како што и прилега на една армија на земја-членка на НАТО, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на свеченоста по повод заклетвата на 23-та класа на питомци и слушатели од курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери, како и промоцијата на 19-та класа на питомци во чин потпоручник во нашата Армија, пренесе МИА.

– Оваа ваша одговорност ќе треба да ја носите со достоинство како што и прилега на една армија на земја-членка на НАТО. Како ваш врховен командант, од вас очекувам да внесете нова енергија и нови знаења во структурите на Армијата и сето она што научивте изминатите четири години да го пренесете во командите и единиците со цел да придонесете во зацврстувањето на борбената готовност и моралот на Армијата, рече Пендаровски.

Потенцира дека во Армијата на Република Северна Македонија нема и не смее да има место за стереотипи и предрасуди од било кој тип, нагласувајќи дека сосема заслужено, 13 од 42-та  денеска промовираните потпоручници се жени.

Врховниот командант потсети дека на 15 ноември 1995 година, пред точно 24 години, нашата држава стана членка на Партнерство за мир, НАТО програма што требаше да не подготви за полноправно членство во Северноатлантската алијанса.

– Денес, 24 години подоцна, ние сме на чекор на достигнување на најголемата стратешка цел зад која стои огромен број од нашите граѓани. Само уште две ратификации на протоколот не делат од моментот кога ќе станеме 30-та земја-членка на најуспешниот воен сојуз во историјата – НАТО, истакна Пендаровски и додаде дека како идна членка на НАТО ја преземаме обврската да придонесуваме во колективениот систем на безбедноста, заеднички придонесувајќи за глобалната безбедност.

Деканот на Воената академија Орце Поповски на питомците и на промовираните потпоручници им порача да размислуваат како работите може да бидат подобри. Да размислуваат со своја глава затоа што кога ќе станат команданти треба да имаат свои идеи и начини за подобрување на системот. Тој им укажа да се трудат да ги почитуваат луѓето со кои работат и дури тогаш кога ќе треба да преземат мерки за нивна недисциплина, тоа да го направат со почит.

Свечена заклетва пред Врховниот командант, претставници на државниот врв, генерали и гости од регионот и роднини денеска дадоа питомци од 23 та класа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, а промовирани беа потпоручници од 19-та класа, како и нови 29 кандидати на курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери на лигистички специјалности и служби за потребите на Армијата и Министерството за одбрана.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Стопанственици бараат законски измени за ангажирање работници од странство

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk