ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Охрид состанок на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за економска соработка

Како што информира претседателот на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, една недела пред подготвителните средби, повторното состанување на Мешовитата меѓувладина комисија е по иницијатива од двете страни.

November 15, 2019 10:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Охрид денеска треба да се одржи 9. сесија на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Комисијата, која се реактивира по период од пет години, ќе ги разгледа можностите за унапредување на економските и трговските односи, кои во моментов, според заедничката оценка на двете земји, се на многу ниско ниво, пренесува МИА.

Како што беше речено вчера на деловниот форум во Скопје, организиран во рамки на сесијата, потенцијалите за соработка речиси воопшто не се искористени. Податоците за размената покажуваат извесно зголемување, но далеку под можностите.

Македонскиот извоз на рускиот пазар е незначителен, посочи премиерот Зоран Заев и апелира до руските стопанственици да инвестираат во земјава. Енергетиката, гасификацијата, транспортот, земјоделството и туризмот остануваат, нагласи, клучни сектори за интензивирање на партнерството, но соработката ќе се проширува и во други сфери. За таа цел е договорено и формирање работни групи.

– Односите со Руската Федерација се традиционално пријателски, но потенцијалите во делот на економијата не се доволно искористени и во овој сегмент мора да работиме. Во дијалогот на Меѓувладината комисија, која повторно почнува со работа, од оваа година е внесена нова динамика. Верувам дека ќе постигнеме сериозен исчекор, истакна Заев.

Според него, најповолен сегмент за реализирање заеднички проекти меѓу македонските и руските компании е изградбата на примарна инфраструктура за гасификација и на откупно-дистрибутивни центри во земјоделството.

– Во областа на енергетиката сме сигурни партнери. Русија, исто така, е подготвена за купување македонски земјоделски производи, стоки и услуги, но сериозен потенцијал за унапредување на соработката има и во транспортот, како и во авиосообраќајот, рече рускиот заменик-министер за индустриски и трговски развој Алексеј Груздев.

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, пак, најави поддршка за бизнис-соработката, напоменувајќи дека Русија во Северна Македонија гледа интересен и перспективен партнер.

– Потребни се единствени правила на игра, но и отфрлање на стереотипите и шаблоните, потенцира Баздникин.

Последниот состанок на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија беше одржан во Калининград, Русија, во 2014 година. На 9. сесија на Комисијата што практично почна вчера со форумот во Скопје и продолжува денеска во Охрид, ѝ претходат подготвителните средби што се одржаа минатиот месец во Москва. Македонската делегација во Москва тогаш ја предводеше министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Како што информира претседателот на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, една недела пред подготвителните средби, повторното состанување на Мешовитата меѓувладина комисија е по иницијатива од двете страни.

– Двете држави сфаќаат дека таков тип средби се многу значајни. Всушност, тоа е инструмент што ги регулира односите. Периодот од пет години е долг, а секогаш има измени, нови податоци што треба да се разменат и да се регулираат, оцени Бешлиев, според кој, изминативе пет години, додека комуникацијата беше „замрена“, сепак успеавме да се наметнеме на рускиот пазар. Единствено недостига поагресивен маркетинг.

Next Post

Оддавање почит на македонските граѓани загинати во војните при распадот на СФРЈ

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk