ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Скопје одново: Интернационализам, уметност, солидарност

Вечерва, во Музејот на современата уметност – Скопје се отвора изложбата „Скопје одново“. Со почеток во 20 часот, поставката ќе биде отворена за сите посетители, кои ќе можат да погледнат преку 100 дела од меѓународната колекција на музејот со посебен фокус на американските уметници

November 18, 2019 11:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
sdr

sdr

Share on FacebookShare on Twitter

Вечерва, во Музејот на современата уметност – Скопје се отвора изложбата „Скопје одново“.

Со почеток во 20 часот, поставката ќе биде отворена за сите посетители, кои ќе можат да погледнат преку 100 дела од меѓународната колекција на музејот со посебен фокус на американските уметници.

„Вечерва во Скопје отвораме изложба која е специфична по повеќе основи. Овој пат имаме гостин куратор, а изложбата е подготвена од мешан кураторски тим, односно кураторката Ана Кац од њујоршка МоМА и Кумјана Новакова од МСУ Скопје. За првпат изложуваме некои дела од колекцијата, бидејќи кураторките со поставката даваат ново читање на познати, но и помалку познати дела од нашата вредна колекција, а овој пат и преку изложување на документи и друг архивски материјал дадена е интегрирана информација за почетоците, за големиот ентузијазам во основачките години на музејот. Американската амбасада препозна вреден проект во „Скопје, одново“ за што сме им многу благодарни, нивната помош беше голема и искрена и нѐ охрабрува да размислуваме за нејзино претставување и надвор од нашата држава. Оваа изложба беше најавена и во списанието „Арт Форум“, а работиме на тоа да ја претставиме и пред американската публика“ вели Мира Гаќина, директор на МСУ Скопје.

Изложбата е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје.

Изложени се повеќе од 100 дела и архива поврзана со процесот на креирање на колекцијата и кореспонденцијата со авторите на делата. Така, за првпат, МСУ – Скопје ќе изложи дел од личната кореспонденција со автори како: Александер Калдер, Џаспер Џонс, Шила Хикс, Алекс Кац, Јон Григореску, Сол ЛеВит, Вифредо Лам, Мина Ситрон, Џеф Расел, Бриџит Рајли…

„Скопје, одново“ ја обработува најголемата меѓународна акција на солидарност во уметноста организирана во октомври 1963 од Меѓународната асоцијација на пластични уметности, паралелно со глобалната кампања за реконструкција на градот Скопје, после земјотресот. Со подароците од автори од цел свет, МСУ – Скопје станува дом на единствена и исклучителна колекција на современа уметност во земјава. Најголем дел од делата ги потпишуваат водечки уметници на глобалната современа сцена во двете децении после земјотресот, што води и до основањето на МСУ во 1964 година. Полската влада во тоа време финансира тим на прогресивни млади архитекти, кои во 1970 година го градат објектот, кој денес е постојан дом за музејот.

Во таква една атмосфера на транснационална соработка и ентузијазам, преставена во извештајот на ООН од 1966 година под наслов „Скопје воскреснува“ (Skopje, Resurgent), МСУ развива и разновидна програма на изложби, меѓународни соработки и партнерства. „Скопје, одново“ ќе изложи и дел од архивскиот материјал кој сведочи за оваа важна позиција на МСУ – Скопје во тоа време. Со поттикнување на исклучителна отвореност и колаборативно работење, колекцијата и програмата на МСУ Скопје во 60тите, 70тите и 80тите сведочи за едно радикално космополитско, транснационално наследство на социјалистичка југоисточна Европа.

Поставката во Скопје ќе биде отворена се до 18 февруари следната година.

dav
dav
sdr

dav
sdr

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

June 21, 2025

Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

June 21, 2025
Инаугурација на папата Лав XIV. Фото: Скриншот

Папата предупредува на предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk