ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Инвеститорите ќе ја почекаат одлуката за намалување на данокот на увоз

Странските инвеститори на вчерашната средба во Владата не добиле конкретен одговор од премиерот Зоран Заев и економските министри во врска со барањето да се намали данокот на увоз на одредени производи. Им било ветено дека постои волја да се разгледа, но истовремено им било и предочено дека може да предизвика недостиг на средства во Буџетот

November 19, 2019 18:32
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Странските инвеститори на вчерашната средба во Владата не добиле конкретен одговор од премиерот Зоран Заев и економските министри во врска со барањето да се намали данокот на увоз на одредени производи. Им било ветено дека постои волја да се разгледа, но истовремено им било и предочено дека може да предизвика недостиг на средства во Буџетот.

– Нема да го кажам она што Владата треба да го соопшти. Како компании од зоните дадовме неколку предлози кои сметаме дека ќе не доведат до вин – вин ситуација, со придобивки за двете страни. Имаше дообјаснувања и поситни нешта за кои добивме ветување од надлежните министри дека ќе се прилагодат во скоро време. Има и други нешта кои тие ги признаа, но бараат подлабока анализа. Една од најголемите е данокот на увоз на некои производи. Премиерот и министрите потврдија дека ќе назначат луѓе тоа да го разгледаат. Треба да бидам многу внимателен ако го цитирам премиерот кој, како што рече, има волја да го разгледа тоа, но компаниите мора да сфатат дека може да има недостиг во приходите на Буџетот, што е разбирливо. Ако овој недостиг во Буџетот поради намалување на царините може да се компнезира со поголемо производство, тогаш тој има волја да го прилагоди системот, рече претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, пренесува МИА.

Одговорајќи на новинарски прашања, Петер повтори дека предвремените парламентарни избори нема да влијаат врз одлуките на инвеститорите зашто тие своите планови не ги прават месечно, туку на неколкугодишно, па и на децениско ниво.

– Глобалната криза и достапниот извор на пари е она што го балансираат инвеститорите кога носат одлуки. Последниот сегмент е куповната моќ во земјата. Тоа може да зависи од политичката ситуација, но не нужно. Потрошувачката на струја зависи повеќе од климатските услови, отколку од предвремените избори. Не очекувам дека предвремените избори ќе влијаат негативно за инвеститорите да ги сменат своите одлуки, посебно кога има позитивни изгледи да се приклучиме на две поголеми семејства. Сметам дека перспективата е многу позитивна, иако процедурата е малку одложена, за неколку месеци, истакна Петер.

И тој и австрискиот амбасадор Георг Вуцас нагласија дека Австрија во моментов е број еден инвеститор во земјава, но трговската размена не е во рамки на потенцијалот. Има многу простор за соработка, а фокусот треба да се стави на тоа како Австријците да се натераат да купуваат повеќе македонски производи.

– Северна Македонија е сигурен партнер на австрискиот бизнис. Инвеститорите не си отидоа од тука ниту за време на глобалната финансиска криза, ниту кога земјата се соочуваше со политичката криза и случувањата во Парламентот. Напротив, продолжија да вложуваат и така ќе продолжат.. Но, мора да ги натераме Австријците да купуваат македонски производи. Во овој сегмент има мало потфрлување, потенцира Петер.

Австрија, како што претходно напомена амбасадорот, е подготвена да и помогне на земјава во сите сегменти, и од политички и од економски аспект. Како потенцијали за развој ги спомна обновливите извори на енергија и заштитата на животната средина. Мора да се применуваат, порача Вуцас, иновативни решенија.

– Ние сме ваши големи поддржувачи. Исто како вас сме разочарани од недобивањето датум за почеток на преговорите, но работиме на тоа и се надеваме на таква одлука, рече амбасадорот.

Тој се осврна и на дуалното образование за чие спроведување, оцени, се неопходни реформи во законите кои засега дозволуваат учениците само да учат или само да работат, а не и да учат и да работат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025
Фото: X

Нов израелски напад врз Техеран

June 18, 2025

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk