ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шест членки на ЕУ согласни за нова методологија, но Скопје и Тирана да добијат преговори во март

Писмото е своевиден одговор на „нон-пејперот“ на Франција во кое се бара од Советот на ЕУ до јануари да и нареди на Европската комисија да почне да изготвува нова методологија за преговорите со земјите кандидати, под изговор дека сегашниот процес не е доволно ефикасен, премногу е бавен и технички. Потписниците на писмото се министрите од Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Италија и Полска.

November 19, 2019 17:44
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во писмо до претседателот на Европската комисија, министрите за надворешни на шест земји членки на ЕУ се согласуваат дека методологијата на преговорите за членство може да се подобри, но инсистираат проширувањето да остане опиплива перспектива и Северна Македонија и Албанија да добијат зелено светло за преговори во март, пренесе МИА.

Писмото е своевиден одговор на „нон-пејперот“ на Франција во кое се бара од Советот на ЕУ до јануари да и нареди на Европската комисија да почне да изготвува нова методологија за преговорите со земјите кандидати, под изговор дека сегашниот процес не е доволно ефикасен, премногу е бавен и технички.

Потписниците на писмото се министрите од Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Италија и Полска.

Министрите потсетуваат дека ЕУ треба да се држи до ветувањата дадени во 2003 година во Солун на сите земји од Западниот Балкан и дека таа перспектива е главен мотивирачки фактор за регионот, давајќи го како пример „историскиот Преспански договор“.

– Минатиот месец, ЕУ не постигна консензус за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Во време кога славиме триесетгодишнина од падот на железната завеса кој ја отвори ерата на обединување на Европа, повторуваме дека консолидацијата на Европа не може да биде целосна без Западниот Балкан, пишуваат шесте земји членки.

За нив „нема сомнеж“ дека и безбедноста и реформскиот процес во регионот се гарантирани преку интеграцијата во ЕУ, но согласни се дека тој може да биде подобрен.

– Вистина е дека сегашниот пристапен процес на западниот Балкан напредува бавно и на нееднаков начин. Од таа причина сме подготвени да се ангажираме конструктивно во напорите за подобрување на овој процес. Тоа ќе го сториме доколку оваа задача се води на ефикасен начин, со цел да вроди со резултат и доколку и овозможи на ЕУ да постигне консензус за отворање на пристапните преговори во март 2020.

Министрите ја повикуваат ЕК до јануари да изготви конкретни предлози за подобрување на ефикасноста на процесот.

Во писмото се потсетува дека само полноправно членство во ЕУ за западниот Балкан е одржливо решение и дека процесот мора да продолжи без одлагање.

Next Post

Мицкоски не верува дека ветингот во судството може да даде позитивни резултати

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk