ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Рекет“: Шах-мат, како по книга!

Целиот државен апарат се стави на комплетна услуга на г. Јордан Камчев, за тој да ја добие правната сатисфакција во овој случај. Од таа услужливост дури и се гради правен случај, за власта пред меѓународната заедница да докаже дека правната држава, по која бескрајно ламентираме, кај нас профункционирала!

November 20, 2019 08:34
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Уште во раните најави на скандалот „Рекет“ беше јасно – за оние кои сакаа тоа да го сфатат – дека целта на планирањето и внимателната изведба на целата афера е двојна: дискредитирање и уривање на СЈО; а потоа и пад на Зоран Заев од власт.

Со срамната дискредитација и исчезнувањето на СЈО од правниот систем во Македонија, првата цел е остварена. Сега следува следната фаза, која ќе се одвива низ самиот судски процес, но и со дополнителни кики-фрики „дотурања гориво“ од страна, по потреба, со цел нов репертоар на снимки, шпекулации, непријатни вистини, полувистини и тотални лаги коишто, добро пропагандно темпирани и промешани во „блендерот“ на социјалните и класичните медиуми, во крајна линија, треба да го одредат губитникот на предвремените парламентарни избори во април. Заев.

Мислам дека, како што е темелно и стручно подготвена оваа операција, во домот на Водно веќе е испланиран и огнометот за прослава на тој пад што, речиси неизбежно, ќе следува.

Јавноста е веќе извонредно препарирана, ставена е во „тунел“ од кој има излез само од задната страна: обвинетите во процесот – од кои двајца прво-обвинети уште немаат дадено ни исказ по точките на обвинувањата, а детално им се проанализираа и докажаа не само наводните криминали, туку и содржината на дебелите црева! – се веќе прогласени за виновни. Останува да се види само уште на колку ќе бидат осудени. Како во ниту еден претходен случај на СЈО, на пример – каде што докажаните и сè уште недокажани гревови на обвинетите се далеку подраматични по судбината на државата – во „Рекет“ пресумпцијата на невиност на обвинетите е сведена на апсолутна нула! Во тоа учествуваше и речиси целата стручна јавност во Македонија, на чело со целокупната правна медиумска естрада.

Вистинско чудо е што до сега за обвинетите никој не побара воведување смртна казна, но и за тоа не е доцна. Еве шанса, можеби тоа може да се направи „во пакет“ со кој се бараат уставни измени за да застарат делата на најголемиот број случаи што ги водеше СЈО.

Во една обвинителска постапка без преседан во нашата правна пракса, во која во јавноста, многу пред денот на поднесување на обвиненијата, пред нивното прифаќање од страна на судот и пред самиот почеток на судењето, протекоа сите докази, изјави на сведоци, записници, контра-сведочења, форензички наоди и што уште не. Без никакви последици по никого. Обвинителите дадоа 20-30 интервјуа по сите електронски и печатени медиуми во државата, со разни дополнителни пикантерии и детали од истрагата. Од притворените обвинети, се разбира, глас не чувме. За да не влијаат врз независноста на судот и интегритетот на постапката.

Целиот државен апарат се стави на комплетна услуга на г. Јордан Камчев, за тој да ја добие правната сатисфакција во овој случај. Од таа услужливост дури и се гради правен случај, за власта пред меѓународната заедница да докаже дека правната држава, по која бескрајно ламентираме, кај нас профункционирала!

Шах-мат, како по книга. Па, главно, сами си го бараа, некој со чинење, многумина со нечинење.

Сепак, да депонирам една молба уште сега, пред да почне и да заврши судската атракција што следува: ги молам оние кои се задолжени за чување на архивите во Обвинителството да се погрижат за тоа миракулно да не исчезне четиричасовното сведочење на г-ѓа Јанева, во присуство и на адвокатот Стеван Павлески, дадено пред обвинителите дента пред да биде уапсена. Ќе ни треба тој запис, за еден ден, кога ќе се прави реконструкција на целиот овој скандал, да сфатиме зошто, всушност, е направена целата оваа операција и кој каква улога играл во неа. Бидејќи, не верувам дека тој богат исказ на обвинетата Катица ќе го чуеме и во судницата. Во тој записник – занимливо, единствениот кој не протече во јавноста – би требало да ги има одговорите на многу дилеми за хаваријата што го снајде СЈО, а се заканува да „проголта“ многумина кои се надеваат дека ќе се спасат и пред да почне судењето.

Уживајте. Ќе биде сè, само не здодевно.

извор: ЦИВИЛ МЕДИА

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумно и целосно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ.
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трет ден активен пожарот на грчкиот остров Хиос

June 24, 2025
Photo: UNRWA

Израелските сили убија 25 лица кои чекале хуманитарна помош во Газа, ранети се 146

June 24, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Примирјето сега е во сила, ги молам Иран и Израел да не го прекршуваат

June 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk