ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Татиниот математичар, „дипломатските победи“ и неодговорените прашања

Мицкоски полека прераснува во пример како не треба да се води кампања. Луѓето не се заинтересирани за ликови што со плачлив тон, со изразени мрачни пораки, со говори полни со јад и чемер, со негативна енергија. Позната приказна е дека криминалот, насилството, тиранијата, на крајот, пропаѓаат сами од себе.

November 20, 2019 14:05
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Татиниот математичар, кутриот, изолиран, можеби и повеќе отколку што беше неговиот газда, од безначајни состаноци со било кој амбасадор прави спектакл. Нема да ме зачуди ако почне да раскажува како му намигнуваат, како што се фалеше еднодеценискиот узурпатор на претседателската функција дека му намигнал Обама. Гледам, во последно време се обидува и да се смешка.

Порано, кога Груевски ќе се сретнеше со некој амбасадор, колку и да е тој важен или неважен, заинтересиран или сосема рамнодушен за нашата земја, Латас, Ивонче – Милионче, цел Канал 5, Јадачот, Козарот, Смрдлата и други смрдливци и мрсулковци – аѓутанти, од тоа правеа настан на денот.

„Дипломатските победи“ на криминалците веќе не се прва и најважна вест на ТВ екраните. Наместо тоа, нашата земја стана светски пример за добрососедство и развивање на релациите со најдемократските и најважните земји во светот. Порано беше Мугабе, сега е Меркел и речиси сите други, не помалку важни, светски лидери.

Едноставно, Зоран Заев ги подигна стандардите за воспоставување и одржување меѓународни односи до недостижни висини. Ако некогаш, било каква блокада за нашата земја би поминала со само неколку случајни наслови во некое ќоше на страницата баш пред крстозборот во странските весници, сега е глобален проблем со кој се занимаваат врвните политичари, медиуми, аналитичари… И тоа, за да го решат, а не да го забошотат.

Смешно и жално е да се гледа, просто Солза тргнува да капне, кога ќе се види како спорадичните дипломатски кафиња и намигнувања се предмет на напорни соопштенија што се испраќаат, па дури и се објавуваат наоколу. А познато е дека меѓународната изолација на Груевски започна, отпрвин срамежливо, а потоа сѐ поотворено, уште по почетокот на офанзивата на режимот против медиумите, во 2010 година. Тоа е годината кога, за само една ноќ, со специјални полициски сили, режимот затвори една приватна телевизија (А1) и три дневни весници. Потоа следеа тешки години, апсења (Кежаровски), неразјаснети или прикриени убиства, корупција (што трае) на медиумите. Во меѓувреме, меѓународната изолација на Фамилијата продолжи. Уште во 2014 година, нивните главни поддржувачи меѓу сестринските партии во Европа ја намалија или замрзнаа соработката и помошта. Сега, изолацијата е перманентна и дефинирана состојба во односите кон наследниците на бегалецот Груевски.

Сеедно, остана куртоазни средби со амбасадори да се прогласуваат за „дипломатски победи“ и да се злоупотребуваат во пропагандни цели.

Медиумското внимание за „дипломатијата“ на Мицкоски и неговата дружина не е мала, иако се ограничи на партиската веб страница и на неколку телевизии и интернет пАртали. Не е за занемарување, но далеку од тоа да го има сјајот и обемот на некогашната агитпроп машинерија на најбогатата партија во Европа.

Очигледно е дека Мицкоски го мачат повеќе работи. Првата е што неговата приказна не ја купуваат ни најверните (најлековерните) следбеници на Грујовата партија од која ни В не остана од тоа што некогаш беше ВМРО-ДПМНЕ (какво и да беше). Секој ден се среќавам со ветерани од неговата партија кои ми го потврдуваат ова. За жал, колку и да заслужуваат критики партиите и политичарите што се дел од власта, тињата во која потона ВМРО-ДПМНЕ уште со првата бомба што ја слушнавме во 2015 година, не ги прави сериозна политичка партија. Ама ни трошка.

Мицкоски полека прераснува во пример како не треба да се води кампања. Луѓето не се заинтересирани за ликови што со плачлив тон, со изразени мрачни пораки, со говори полни со јад и чемер, со негативна енергија. Позната приказна е дека криминалот, насилството, тиранијата, на крајот, пропаѓаат сами од себе.

Така, и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ сега го стега обрачот околу сопствениот креатор. Мицкоски сѐ уште не одговорил на непријатните прашања, а веќе се таложат нови. Хидроцентралите, судирот на интересите на секој чекор што го правел и го прави, сомнежите околу тајната комуникација и испораките поврзани со Груевски и со Гајсер, поврзаноста со погрешно наречениот случај „Рекет“, блокирањето на правосудните реформи, антизападната кампања, линковите со радикалната десница, финансирањето на ботовите… Сето тоа се прашања што стојат отворени и на кои „одговорот“ се сведува на бескрајни плачливи и мрачни тиради за „хунтата“ на Заев, по плоштадите на македонските градови на кои излегуваат само по 20-30 најупорни следбеници…

А дојде и сметката за 400.000 евра што ги должат за претседателската кампања на нивната кандидатка Гога. На сите милијарди што ги искрадоа, останаа должни „ситни“ 400.000 евра! Ама, тоа им е во навика. И во 2011 година имаа „мањак“ од три милиони евра. После ова и многу други скандали и криминали, само наивните можат да се чудат зошто Мицкоски и неговата „армадила“ (негов израз што не постои на ниеден јазик) го нападнаа СЈО и го блокираат законот за јавно обвинителство.

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумно и целосно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ.
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата Лав Четиринаесети ги повика Иран и Израел на дијалог и мир

June 25, 2025
Скриншот

Иранскиот парламент гласаше за суспендирање на соработката со нуклеарниот надзорник на ОН

June 25, 2025

Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трамп повторно ја одби понудата на Путин за помош со Иран: Ми треба помош со тебе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Првите слики од опсерваторијата „Vera Rubin“ ја отвораат новата ера на космичко истражување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk