Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, во 2011 година, во земјата биле убиени на 29.000 деца, се наведува во извештајот на сириската невладина организација Центар за мониторирање на човековте права, што е сместен во Лондон, пренесе МИА.
Во извештајот се наведува дека тие ја документирале смртта на 22. 753 деца, убиени од силите на режимот на Башар ал-Асад и нивните сојузнички сили од Иран.
Најмалку 186 деца биле убиени во хемиски напади на режимот, а 305 загинале поради неисхранетост и недостиг на лекарства во областите што биле под опсада на режимот.
Според извештајот, активностите на руските сили во земјата, нивната војска ја креваат на високото второ место, бидејќи во нивните напади загинале 1. 928 деца, а 984 деца биле убиени од сириските опозициски сили, 956 од џихадистите од Исламска држава, 924 од меѓународната коалиција предводена од САД, и 214 од Сириските демократски сили (СДС).
Во меѓувреме, 5. 344 деца се уште се наоѓаат во затвори, вклучувајќи и 3. 618 деца што се притворени од режимот на Асад и 722 кои се држани од курдските Единици за заштита на народот.
Најмалку 326 деца, исто така, се држат од Исламска држава во регионите што се под нивна контрола.
Сирија од 2011 е зафатена од жестока граѓанска војна, кога режимот на Башар ал-Асад презема цврсти мерки против демонстрантите кои бараат поголеми слободи во земјата.