ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Асоцијацијата на дадилки бара најостра казна за дадилката што го тепаше двегодишното дете

Македонската асоцијација на дадилки најостро го осуди однесувањето на дадилката која тепаше двегодишно дете во игротеката на „Дежаву“ во скопски Аеродром

November 22, 2019 17:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската асоцијација на дадилки најостро го осуди однесувањето на дадилката која тепаше двегодишно дете во игротеката на „Дежаву“ во скопски Аеродром. Бара најостра казна за дадилката и надлежните органи да ги преземат сите расположливи правни средства за казнување на ваквиот чин.

 

– Ги охрабруваме родителите да соберат сила во овој тежок момент и да се борат најсилно што можат за правото на нивното дете. Нашиот тим им стои на располагање на родителите доколку имаат потреба од поддршка, било правна, било во санирање на последиците од настанот, велат од Асоцијацијата.

Оттаму наведуваат дека поради ваквите случаи сите дадилки, негувателки и воспитувачки се ставени во положба на сомнеж, а родителите се плашат да ангажираат дадилки.

Ваквата состојба, според Асоцијацијата, се должи на, како што се вели, долгогодишната анархија во областа на згрижувањето и негата на деца.

– Законот за заштита на деца е менуван неколку пати во изминативе две децении но сѐ уште не дава применливо и соодветно решение, особено во домашното згрижување на деца. Според последните измени на Законот за заштита на деца за работа како негувателка на деца во домашни услови доволно е кандидатот да има завршено средно образование ( и тоа било какво) за да полага за лиценца за негувателка. Полагањето за лиценца е полагање за дозвола за работа и ниту на еден начин не е доказ за знаење, вештини и компетенции на една личност. Точно е дека кандидатите доставуваат и уверение за здравствена состојба, но дали истото е меродавно за да потврди дека личноста ги исполнува условите за чување и нега на деца, прашуваат од Асоцијацијата.

Во тој контекст наведуваат пример со кандидатка за дадилка која се пријавила на обука во Асоцијацијата и која имала уредна медицинска документација, но од страна на менторите била оценета како личност која не ги исполнува условите за чување на деца.

– Истата личност не се стекна со диплома за „Негувателка на деца“, но во моментот има поднесено документација за полагање на лиценца при Министерство за труд и социјална политика. Бидејќи ги исполнува условите, оваа кандидатка утре ќе се стекне со лиценца и ќе работи со деца. Кој тогаш ќе ја сноси одговорноста? Ова е само еден од примерите со кој се соочуваме секојдневно во реалноста, наведуваат од Асоцијацијата.

Додаваат дека ова не е прв процесуиран случај на дадилка злоставувач и оти уште во 2015 година апелирале до надлежните органи дека казната за дадилката што го малтретираше деветмесечното бебе е ниска и дека треба да се унапредат законските одредби со кои ќе се зголемат критериумите и условите што треба да ги исполнува една личност за да ја врши оваа дејност.

 

 

 

Next Post

Заев: Нови законски решенија кои би им помогнале на граѓаните со извршни решенија особено во делот на каматите

НАЈНОВО

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за половина, дизелот за еден денар

November 3, 2025

ДКСК препорача усогласување на терминологијата во Изборниот законик заради рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025
Фото: Скриншот, видео НАСА на Јутјуб

Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk