ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Пендаровски: Скопје и Белград имаат исти цели и грижи

Во однос на иницијативата „Мал Шенген“, посочува дека на тоа не треба да се гледа како замена за членството во европските институции, туку како можност за отстранување на трговските бариери и  олеснување на трговијата и движењето на луѓето во регионот.

November 22, 2019 10:43
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Србија и Северна Македонија се соседни земји кои немаат отворени прашања, а делат заедничка историја и имаат заедничка цел – членство во ЕУ, истакнува претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Политика“ во пресрет на денешната официјална посета на Белград, пренесе МИА.

– Немаме отворени билатерални прашања, а имаме заеднички цели и грижи, да градиме општества во кои нашите граѓани ќе имаат добар квалитет на живот и во кои младите луѓе нема да се иселуваат и ќе добиваат шанса да успеат дома, вели Пендаровски.

Врските меѓу двете земји, уакажува шефот на државата, не ги градат само институциите, туку и бизнисот, како и многубројните семејни релации меѓу граѓаните од двете земји.

Пендаровски очекува на денешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ да имаат позитивни разговори за многу теми од заеднички интерес, а пред се за политичките, безбедносните и економските прашања.

– Иако Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО, а Србија има неутрална политика, двете земји имаат одлична одбранбена и безбедносна соработка, која очекувам да продолжи и во иднина. Како соседи, Србија и Македонија делат заеднички грижи за безбедносното опкружување и имаат многу програми за размена и обука. Имајќи предвид дека стратешка цел на двете земји е членство во ЕУ, соработката во одбраната и безбедноста ќе продолжи и во рамките на европските иницијативи, вели претседателот Пендаровски.

Во однос на иницијативата „Мал Шенген“, посочува дека на тоа не треба да се гледа како замена за членството во европските институции, туку како можност за отстранување на трговските бариери и  олеснување на трговијата и движењето на луѓето во регионот.

– Сметам дека треба да се размисли за форматот на иницијативата зашто сегашната структура не ги опфаќа сите земји од Западен Балкан. Во тој контекст може да се отвори прашањето колку иницијативата би функционирала во пракса ако нејзини членки се само три земји. Вклучувањето на повеќе држави нуди подобар просперитет за целиот регион, оценува Пендаровски.

За француското вето за отворање на преговорите за членство во ЕУ, Пендаровски вели дека на неодамнешната средба во Париз францускиот претседател Емануел Макрон добил уверување дека Франција сака да ја види Северна Македонија во ЕУ и оти не нуди алтернатива за членството, но дека мора да се направат реформи во методологијата и да се подобри процесот на пристапување. Макрон изразил подготвеност да ја посети Северна Македонија во првата половина на наредната година за да им ги објасни своите ставови на граѓаните.

-Разговорот со Макрон беше динамичен и претставуваше одлична можност да му ги презентирам нашите аргументи за членство во ЕУ, дека евроинтеграцијата е наша стратешка цел и оти сме подготвени за преговори и со изменета методологија. Скопје во меѓувреме продолжува со реформите и ја чека новата методологија од ЕУ, истакнува претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „Политика“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска, прашува СДСМ

June 19, 2025

Валенсија донесе нов голман, Димитриевски можно е да си бара друг клуб

June 19, 2025

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk