ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Да се (ре)формираме заедно 

Немам намера да го кријам моето лично разочарување околу исходот од последниот обид за добивање датум, уште помалку поради тоа што знам дека неофицијалното вето ни беше изречено од Франција, земјата во која живеам повеќе од една деценија. 

November 23, 2019 20:38
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА

После „паѓање на небото врз глава“ (како што изјави Претседателот Пендаровски), со сета негова кал составена од разочарување, бес, чувство на нанесена неправда и лесен увид во она што не чини во државата (за оние кои сакаат да видат) – време е да се исчистиме од тињата, да се средиме психички и физички и да се појавиме во најпристојната сопствена форма како да одиме на интервју за работа.

Вака фино стокмени, чисти во себе и пред светот, одговорно тврдам дека никој нема да си ризикува кредибилитет и општ(ествен) мир да ни даде шанса за стажирање. Оти оваа етапа на отворени преговори, по точките на „нон пејпер“ предлози за реформирање е токму тоа, стажирање.

Немам намера да го кријам моето лично разочарување околу исходот од последниот обид за добивање датум, уште помалку поради тоа што знам дека неофицијалното вето ни беше изречено од Франција, земјата во која живеам повеќе од една деценија.

Секако дека ги искритикував жестоко, иако беше бескорисно, ваквите политики, дотолку повеќе што немаа реални жалби и поплаки на наша сметка, туку банален сплет на околности кој го зголеми тоа чувство на обесправеност. Тоа не значи дека сме совршени, да не се лажеме, туку дека нивните причини за да ни се каже НЕ треба да бидат во центарот на вниманието, наместо нашите потфрлувања. Претседателот Макрон, како релативно млад и доста амбициозен лидер, со напумпано его и несразмерна суета, можеме да го критикуваме уште неколку недели, месеци, години, да сонуваме како тоа ние можеме да кренеме нос, божем нему од тоа нема сон да го фати и да бладаме каков дипломатски скандал ќе направи да се чувствува незгодно. Можеме ние тоа, со сигурност. Доколку затвориме очи пред предлог-реформите во кои тој лично земал учество за да ги прати во нацрт – формат. Ги читав, ги размислував доволно долго, додека не се убедив себеси дека речиси во целост се согласувам со нив.

Постепено пристапување

Ништо солидно не се создало во еден ден. Етапите се неопходни, како искачување на нивоа дури се движи човек кон врвот. На нив гледам како на патокази, како на подесувања на системот за навигација, каде сме, каде одиме и по кој пат треба да движиме. Така, кога, од било која причина, ќе се свртиме назад, тој систем ќе ни покаже дека поглавјето зад нас е затворено, оти ни е познато, и дека треба да одиме кон другото, што не е почнато. За сметка на тоа, пак, ако пристапувањето кон ЕУ за нас е прогресивно, ако читам меѓу редови, разбирам и дека предностите (финансиски фондови, на пример) ќе бидат, исто така, прогресивно достапни.

Строги услови 

И не смеат да бидат поинакви. Ако е лабилно, ќе изгубиме рамнотежа. Ако се прецизни – ќе тераме без скршнување од патот.

Конкретни придобивки 

Акцентот е ставен:

– на контрола на миграциите, што овде во ЕУ е една од грижите на граѓаните, од една страна поради себичност („нема услови за нас, уште странци ни фалат“), а од друга страна, од хуманост („жално е да немаме што да им понудиме“). Макрон игра и на двете карти, зависно од неговото расположение и она на нацијата. Она што ние треба да го истакнеме е нашата местоположба како земја на транзит, која од минатите грешки научила како хумано да се справува со мигранти и азиланти.

– зголемената финансиска поддршка сака да ни каже дека можеби и не е толку лош младичов, нели? Овие фондови, кои денес се достапни само за земји членки, условени со покажувањето на добра волја преку имплементација на европските стандарди, ќе ни станат достапни, што е одлично.

Реверзибилен процес 

Силно се сомневам дека целта на ЕУ е да направи од нас земја како Турција, чија европеизација е засолнета под огромен знак прашалник. Тој реверзибилитет е начин на самоконтрола и ќе зависи од сите гарнитури, тој ќе биде јасен и недвосмислен сигнал за нашата насока во бројни сегменти, посебно оние кои ЕУ ги смета за фундаментални. Тие базични вредности се оние кои ќе бидат под постојан надзор, и тоа е сосема нормално за држава во развој која бара поддршка од развиени земји. Ова не го перципирам како контрола на граѓанинот, туку како контрола врз секоја влада и нејзините институции, кон сателитските НВОи, кон јавните установи и транспарентноста како на политичарите и носителите на функции, така и кон оние кои нè информираат за нивното работење.

– Немојте да го потцените делот кој стипулира „вклучување во банкарската унија“. Јасно е дека банките се нужно зло за обичниот граѓанин, но тие го движат светот (иако не знам во која насока, но нејсе). Макрон е тесно врзан со нив и бдее над нивната благосостојба, колку и да е тоа иритантно. Во тој момент ќе бидат потребни сериозни економски и правни експерти, афирмирани и по можност чесни кон своите сограѓани, за тоа вклучување да ни биде многу од корист, а помалку на штета.

Посилно политичко управување 

Се бараат политичари спремни да носат одлуки, но и да знаат да се носат со нив. И тоа е оправдано. Не се мери времето минато во фотелја, туку напредокот.

*

Откако Макрон ги постави рамките на идната ЕУ, нам ни преостанува да ги поставиме нашите. Оние постепени реформи на ЕУ и на нашата општествена единка, граѓанинот, се тие меѓу кои повлекувам црта: да се реформираме себеси. Помалку корупција, помалку мито, помалку дискриминација и помалку стигматизација, повеќе еднаквост и солидарност, повеќе еманципација и напредок. Една реформирана единка може да почне да го реформира семејството, колегиумот, а тие, пак, распределени, да реформираат даден сервис во фирма или во институција, кои ќе придонесат директно да ни се реформира земјата. Вака реформирана нема причина да се остане надвор од ЕУ. Од апсолутна важност е да се најдат вистинските пропорции на времето и реформите, за кога ќе се реши равенката да не внесеме во ЕУ само територија, туку и луѓе.

Затоа, онаму каде што мудро треба да игра надворешната политика е во инсистирањето на паралелизам на двата реформски процеси.

Да напредуваме заедно, наместо да стагнираме одделно.

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумно и целосно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ.
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повторно поскапува дизелот

June 20, 2025

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна

June 20, 2025
Фото: Pexels од Pixabay

„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk