ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Пендаровски: Со изворни регионални иницијативи ќе делуваме посилно пред Брисел

Пендаровски се осврна на средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор, за која кажа дека на неа била потврдена огромната поддршка на Словенија за нашите евроинтеграции.

November 23, 2019 15:55
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На средбата со претседателот Александар Вучиќ заклучивме дека она што недостасуваше во сите овие изминати години се изворните иницијативи во регионот и заеднички заклучивме дека овие иницијативи треба да продолжат и да ги опфатат сите држави на Западниот Балкан. Само така можеме да делуваме поубедливо и посилно кога зборуваме со еден глас пред бриселските институции, рече претседателот Стево Пендаровски во изјава за медиумите на 4. Регионален младински форум што се одржува во Нови Сад.

– Со претседателот Вучиќ отворивме битни настани и трендови што го отсликуваат регионот на Западен Балкан во последно време. Акцент ставивме на евроинтеграциите и на иницијативата популарно наречена „мини шенген“, за која заеднички заклучивме дека е добра и дека е комплементарна со нашиот процес на пристапување кон ЕУ, а не замена за членство за што се ширеа шпекулации во Брисел и тука во регионот, истакна Пендаровски.

Пендаровски се осврна на средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор, за која кажа дека на неа била потврдена огромната поддршка на Словенија за нашите евроинтеграции.

– Денеска се сретнав со еден мој стар пријател, претседателот на Словенија Борут Пахор кој важи за еден од најдобрите адвокати на нашата држава во Брисел, со кој заеднички ги споделивме последните информации кои се однесуваат во однос на новата методологија предложена од француска страна и за земјите-членки кои веќе почнаа да даваат свои коментари за усвојување на таа методологија, како и за динамиката потоа на носење политичка одлука за отворање преговори, рече Пендаровски.

Тој повтори дека Словенија секогаш била искрен пријател и искрен поддржувач на нашата европска кауза.

Пендаровски претходно се обрати на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на власта: Презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателите на Србија и на Словенија, Александар Вучиќ и Борут Пахор.

– Потребно е менување на менталниот склоп во регионот. Наместо да чекаме пораки од Брисел и големите центри, да ја донесеме ЕУ во регионот со реформи и економски развој, за младите да останат дома, изјави на панелот Пендаровски, кој упати порака „на младите да им се овозможи првата шанса за работа да ја добијат дома, за што е и реализацијата на иницијативата за т.н. мал шенген“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

June 20, 2025
Скриншот

Спорот околу ДДВ ги закочи преговорите за нова влада во Романија

June 20, 2025

Жена прегазена на тротоар на булеварот „Туристичка“ во Охрид

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евроинтеграцискиот процес на Македонија во ќор-сокак, главен виновник – Владата на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk