Премиерот Зоран Заев го праша јавно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како може да очекува гласови, кога за важни теми нема став или ги менува ставовите зависно од ситуацијата.
Заев од Гостивар порача дека нема да му ја дава државата да ја води човек кој едно зборува внатре а друго надвор од земјата, потцетувајќи дека само Мицкоски бил договорот со Бугарија а за кој пред Борисов рече дека ке го подржи.
„Само тој зборуваше за Договорот со Бугарија дека бил капитулантски, дека ги предал нашите национални интереси. И го видовме сега на телевизија. Вели „всичко што е добре, јас подкрепам“. Таму го поддржува договорот, се врати назад, пак не го поддржува договорот. Ќе му ја дадеме државата да ја води? Нема, нема да му ја дадеме да ја води. Нема став и не може да води” посочи Заев.
Заев додаде дека Мицкоски деновиве добил шлаканица и од сестринските партии по изгласаната резолуција во конгресот на ЕПП.
„Дури и ЕПП, каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, завчера донесоа Резолуција со којашто потврдија дека е историска, пред се грешка на ЕУ и повикаа брзо да се исправи таа грешка. Само Мицкоски зборуваше дека биле во право некои лидери на ЕУ што не дале датум за почеток на преговорите. Дури и Макрон призна дека сме исполниле се. Згора на се дека Договорот со Бугарија и Договорот со Грција се пример за сите. Само Мицкоски се радуваше. Ако мисли дека така ќе дојде полесно на власт, нема да дојде” рече претседателот на СДСМ.
А.З.