ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Наша битка е да се избориме против криминалот и корупцијата

Според него, за она што ни се случува со младите денес, клучна причина не е економската ситуација.

November 24, 2019 16:54
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Клучната борба е како да го консолидираме овој наш систем, реформите, пред се неселективната борба против криминалот и корупцијата. Северна Македонија треба да го гради системот под надзор на ЕУ, потребно е да ги зајакнеме институциите за граѓаните да имаат верба во нив, за тие да функционираат, рече денеска министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски на трибината на Демократскиот сојуз насловена „Македонија на крстопат“, пренесе МИА..

Според него, за она што ни се случува со младите денес, клучна причина не е економската ситуација.

– Од државата најмногу заминуват реализирани луѓе, луѓе кои можат да имаат перспектива и тука и надвор. Тие препознаават дека системот не ги препознава интересите на граѓаните. Наша битка е да се избориме против криминалот и корупцијата. Сите наши активности мора да бидат насочени кон оваа цел во иднина, што ќе има силен импакт во смисла на интеграциите на државата и кон силна консолидација на системот, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека членството во НАТО е се поизвесно и оти тоа ќе ги отвори перспективите за натамошниот развој на државата.

– Еден друг елемент кој не разочара е неносење на одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Колку и да е големо разочарувањето едно треба да е јасно и сатисфакција за сите нас – тој почеток на преговорите ќе се случи без разлика на сите трубуленции. Факт е дека земјава ја поддржуваат сите членки на ЕУ, исклучиво Франција беше против во однос на почетокот на преговорите и тоа не само заради нас, туку и односите во ЕУ и тоа ја потврдува тезата на дебатава денес – „Македонија на крстопат“.

Како што рече Спасовски, „оваа наша држава“ ништо не добила на подарок од смаостојноста до денес, туку за се требала макотрпно да работи, но тоа не ја обесхрабрува Владата да продолжи по патот кој нема алтернатива.

– За нас не постои алтернатива. Едно е да говорите пред јавноста за добивање политички поени друго да говорите надвор. На овој народ му треба искрен пристап. За она што е добро, да се каже дека е направено добро, а за она што е лошо, да се каже дека е лошо, рече Спасовски на трибината, на која говореше и претседателот на ДС, Павле Трајанов.

Next Post

Трајанов: Јанева и обвинителите дебело навлеге во криминал, да ги вратат парите

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk