ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукаревска: За првите 10 месеци годинава остварен даночен приход за 10 отсто повисок од 2017 година

November 25, 2019 16:03
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
За првите десет месеци оваа година, Управата за јавни приходи – УЈП оствари вкупен даночен приход од 68 милијарди денари, кој е за три проценти повисок од остваренот приход минатата година, односно за 10 отсто повисок од 2017 година, информираше денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска по повод 25 годишниот јубилеј на Управата, пренесе МИА.

-Не помалку значајни резултати се постигнати и во наплатата на социјалните придонеси од плата во периодот јануари – октовмри 2019 година. Остварен е вкупен приход по основ на социјални придонеси од плата во износ од 59,4 милијарди денари. Овој износ е повисок за 8,6 проценти во однос на истиот период од 2018 година, односно за 16,3 отсто од 2017 година во истиот период, истакна Лукаревска.
Таа информираше и за повраток кон фирмите што според неа е без селекција и во однос на 2019 до октомври извршен е поврат за 41,5 проценти поголем од 2015 година.
Лукаревска потсети на реализираните проекти како што е електронскиот систем за персонален данок  Е-ПДД, потоа Системот за проценка на ризик за даночна контрола кој се воведе со цел за воспоставување на објективна и точна селекција на даночните обврзници за контрола.
– Од 1 јули започнавме со реализација за проектот Мој ДДВ односно поврат на 15 проценти од платениот ДДВ кон граѓаните кој има за цел да ги врати парите кај граѓаните и да придонесе за намалувањето на сивата економија. Заклучно со денешниот ден бројот на корисници е 183.572,  скенирани се 38.514.016 фискални сметки, а остварен е прометот од 18.877.173.838 денари. Повратот од 15 проценти е во висина од 4.986.000 евра, истакна Лукаревска.
Појасни дека исплатата за првото тромесечие, за јули, август и септември ќе започне во декември и апелираше до корисниците на апликацијата МојДДВ да го внесуваат точниот број на трансакциската сметка.
По повод 25 години УЈП Управата ќе организира крводарителска хуманитарна акција, средба со 100 компании кои се најголеми плаќачи во државава, а со претставниците од даночните админстрации од регионот ќе се одржи и тркалезна маса.
Законот за УЈП, Собранието на РМ го донесе на седницата одржана на 24 декември 1993 година, а стапи на сила од 1 јануари 1994 година. Со овој закон се форираше УЈП и се уреди работите на утврдување, контрола и наплата на јавните прихдои од даночните обврзници.
Next Post

Се менува почетната станица за автобусите на ЈСП во Ново Лисиче

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

October 23, 2025

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk