Најмалку пет луѓе настрадаа во обилните дождови кои ја погодија француската и италијанската ривиера, соопштија надлежните.
На француската ривиера некои патишта се затворени, а во Италија нивото на реките се уште е во пораст, пренесе АП.
Администрацијата на францускиот регион Вар соопшти дека четири лица настрадале, меѓу кои и брачна двојка на возраст од седумдесетина години, од престолнината на парфемите Граса, чиј автомобил бил потопен.
Едно лице настрада кога француски брод за спасување потона на Медитеранот, а четвртото лице е најдено мртво во автомобил.
На северот од Италија најдена е мртва жена чиј автомобил бил однесен од реката Бомида.
Спасувачите, исто така, пребаруваат дали има евентуални жртви по уривањето на дел од автопатот предизвикан од лизгање на земјиште во близина на поплавениот град Савона.
Flash floods in Genova, Italy during torrential rainfall last night, Nov 23rd. Thanks to Simone Scalera for the report – posted with permission. pic.twitter.com/jkXUNlFtRm
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) November 24, 2019