ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дендиас во Скопје: Доаѓам во земја сојузник на Грција во НАТО, со поддршка и за ЕУ

Како што соопшти МНР, предвидено е Димитров и Дендиас министри да оджрат тет-а-тет средба, по што ќе следуваат пленарни раговори помеѓу делегациите на двете министерства.

November 26, 2019 10:01
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Дендиас, покрај со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. Главни теми во разговорите ќе бидат европерспективата на Северна Македонија и регионот, билатералната соработка и Преспанскиот договор, пренесе МИА.

Како што соопшти МНР, предвидено е Димитров и Дендиас министри да оджрат тет-а-тет средба, по што ќе следуваат пленарни раговори помеѓу делегациите на двете министерства. Тема на разговор ќе бидат билатералните односи, политичката и економската соработка, како и европската перспектива на нашата земја и регионот. Исто така, предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји, во светло на имплементацијата на обврските од Преспанскиот договор.

Дендиас во пресрет на посетата, во ексклузивна изјава за МИА вели дека доаѓа во земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО, со силна поддршка за нејзината евроинтеграција.

Посочува дека Грција работи на преземање конкретни иницијативи, со цел ЕУ да даде зелено светло за нашата земја, а притоа изразува поддршка за европската перспектива и на регионот, политика која, како што вели, преку Солунската агенда, Атина ја вовела во приоритетите на Европската Унија.

– Нашата поддршка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со Унијата е дадена. Работиме на тоа и преземаме конкретни иницијативи, во консултација со сите наши партнери во ЕУ, со цел колку што е можно поскоро, во таа насока, да се донесе позитивна одлука во Унијата. Секако, она што се подразбира е дека од страна на Република Северна Македонија не треба да се намали интензитетот на напорите за усогласување со европските стандарди. Исто како што се подразбира и дека од страна на Грција ќе има силен поддржувач во овој нејзин обид, порачува Дендиас.

Доаѓа, вели, во „земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО“ и во земја која очекува „да биде и партнер на Грција во Европската Унија во не толку далечната иднина“. Се надева на конструктивни средби што ќе донесат резултати во корист на двете соседни држави, резултати видливи и за граѓаните. Со министерот Димитров, со кого веќе се сретнале неколку пати во изминатиот период, посочува дека имаат искрен однос на заемно почитување и меѓусебно разбирање и работат за суштинско зајакнување и продлабочување на билатералните односи во поширокиот спектар на области.

Во однос на Договорот од Преспа, шефот на грчката дипломатија порачува дека тој е обврзувачки и за двете земји и додава дека неговото целосно спроведување значи и дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на двата народи.

– Неговото почитување е предуслов за непречен европски тек на Северна Македонија и затоа треба целосно и доследно да се спроведе. Целосното спроведување значи напуштање на провокациите од минатото, значи консолидација на добрососедските односи и заемно почитување. Значи дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на нашите народи, истакнува Дендиас, кој денеска заедно со заменик-министерот за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис ќе престојува во еднодневна посета на Скопје.

Next Post

Тимоние ќе го образложи францускиот нон-пејпер пред Националниот совет за евроинтеграции

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk