ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерството за правда ќе одговори на барањата за ограничување на каматата за извршителите и нотарите

Според Законот за облигациони односи, како што стои во соопштението, каматата тече до денот на исплата на долгот.

November 26, 2019 16:21
in ПОЛИТИКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за правда денеска се одржа средбата со граѓаните кои протестираа против работата на извршителите и нотарите. По средбата, Министерството за правда соопшти дека вршат анализа на претставките на граѓаните за работата на извршителите и нотарите, како и анализи и консултации за измена на Законот за облигационите односи со кои би се направиле законски ограничувања каматата да го надмине првичниот износ на долгот.

 

-Министерството за правда со внимание ги разгледува поднесените претставки за работата на извршителите кои граѓаните ги поднесоа по завршувањето на минатонеделниот протест што се одржа пред Министерството. Должни сме да ја известиме јавноста по однос на воочените проблеми на кои укажаа граѓаните со поднесените претставки, но и за време на средбите во Министерството. Најголемиот проблем кој го воочи Министерството за правда, всушност се големите камати кои често, неколкукратно го надминуваат основниот износ на долгот, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Според Законот за облигациони односи, како што стои во соопштението, каматата тече до денот на исплата на долгот.

-Главниот проблем што се јавува во пракса е тоа што често каматата го надминува главниот долг. Втор голем проблем на кој укажаа граѓаните се и големите износи кои банките ги наплатуваат за блокирање и деблокирање на сметките на граѓаните, се наведува во соопштението.

Од Министерството за правда посочуваат дека во моментот се вршат анализи и консултации за измена на Законот за облигационите односи со кои би се направиле законски ограничувања каматата да го надмине првичниот износ на долгот.

-Сепак, должни сме да напоменеме дека се јавуваат проблеми со важење на измените ретроактивно. Тоа укажува дека решението на проблемот може да се бара во носење закон за отпис на камати, при што треба да се обезбедат средства за надомест на каматите, кои ги побаруваат приватни доверители, што не е во надлежност на Министерството за правда, се наведува во соопштението.

Next Post

„Врба“ на филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk