ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трибина: Здравството не е трошок, тоа е инвестиција во народот

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот Венко Филипче присуствуваше на трибината, се осврна на инвестициите во здравството посочувајќи дека за Буџетот за 2020 година се планираат 154 милијарди денари во здравството што е 10 милијарди денари повеќе во споредба со Релабансот на буџетот за годинава.

November 26, 2019 15:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Здравството не е трошок, тоа е инвестиција во народот и во неговото здравје. Инвестициите во здравството ќе продолжат со цел да се подобруваат здравствените услуги и да се задржат лекарите во сопствената држава, порачаа владини претставници на денешната трибина со здравствените работници, пренесе МИА.

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот Венко Филипче присуствуваше на трибината, се осврна на инвестициите во здравството посочувајќи дека за Буџетот за 2020 година се планираат 154 милијарди денари во здравството што е 10 милијарди денари повеќе во споредба со Релабансот на буџетот за годинава.
– Верувам дека инвестициите во здравството ќе продолжат. Драго ми е што постигнавме севкупните примања на специјалистите во терцијалното здравство да бидат поголеми од 100 илјади денари, за специјалистите во општите болници и здравствените установи имаме зголемување до 40 проценти на севкупните нивни примања, а ги зголемивме и платите за повеќе од 10 проценти на медицинските сестри, рече Заев, додавајќи дека се зголемени и капитацискиите и укинати квотите за лекови.
Во делот на капиталните инвестиции ги посочи изградбата и реконструкцијата на здравствените установи и опремувањето со нова современа апаратура.
Според министерот за здравство направени се сериозни вложувања во човечкиот капитал во здравството со цел да се задржат лекарите да останат во сопствената држава.
– Решаваме децениски проблеми и ја враќаме мотивацијата и ентузијазмот кај младите лекари. Постарите специјалисти дополнително ги мотивираме не само да дадат квалитетна здравствена заштита, туку и да ги едуцираат и помладите колеги. Имплементираме нови методи, за добар дел од тие методи пациентите беа праќани во странство и на тој начин не само што остваруваме заштеда, туку и се едуцира нашиот кадар. Сериозна реформа се имплементира и во сферата на примарното здравство со зголемениот број на ингеренции и методи што можат да ги дадат матичните лекари се со цел да може што повеќе пациентите да останат на примарно ниво и што помалку да има упатување на клиниките за да не прави гужва, рече Филипче.
Направени се, како што рече, промени и во делот на терапијата и нема пациенти кои чекаат за лекови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk