По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба, пренесе „Слободен печат“.
Бојан Јовановски, првоосомничениот во предметот „Рекет“ е хоспитализиран во Градска општа болница „8-ми Септември“, Скопје, за редовен преглед потребен како доказен материјал.
По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба.
-Лицето Б.Ј. е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази- стои во дописот од Градска општа болница „28-ми Септември“, Скопје.
Оттаму велат дека дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба.
Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството, оттогаш е во притвор а неговиот адвокат, Сашо Дуковски, постојано во медиумите вели дека во затворот има нечовечки третман и тортура врз обвинетиот Бојан Јовановски.