ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Алармантно: Осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство како воспитна мерка

November 28, 2019 14:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
 Во светот милиони деца живеат во страв од физички, емоционално и сексуално насилство. Регионот на Западен Балкан не е исклучок, каде што и покрај сè поголемото политичко внимание и одговор во политиките и услугите, насилството врз децата и натаму е широко распространето, не се пријавува и екстремно им штети на децата.
За да се стави крај на насилството, владите од Западен Балкан се обврзаа да ја забрзаат акцијата за ставање крај на сите форми на насилство врз децата до 2030 година, беше речено на отворањето на  дводневната конференција „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“ што се одржува во Скопје.

-Насилството врз децата е една од најдевијатните појави, која за жал се случува секој ден во секој крај на светот. За многу од нив дознаваме од медиумите, од заедницата од училиштата, но има илјадници за кои никогаш нема да дознаеме, рече претседателот Стево Пендаровски.

Тој посочи дека глобалната анкета на УНИЦЕФ од пред две години покажува дека речиси 80 отсто од родителите и старателите користат најмалку една форма на насилство врз децата, а една петина од анкетираните пријавиле дека користат само позитивни методи и ненасилни методи на родителство.

-Истражувањата покажуваат дека децата жртви на насилство се изложени на поголем ризик и самите да повторат и сторат насилство кога ќе станат возрасни и тоа најчесто врз сопствените деца. Насилството не им штети само на децата и семејствата туку и на целокупното општество. Многубројните анкети на ученици и студенти покажуваат дека тие имаат вкусено физичко и емоционално казнување, физичко и емоционално занемарување и најтешкиот облик сексуално злоставување, истакна претседателот Пендаровски.
Според него, во Република Северна Македонија бројките исто така се немилосрдни, бидејќи истражувањата покажуваат дека осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство примарно со цел да ги подучат децата.

– Кај нас преовладува  ставот дека детето треба да бие послушно, наспроти љубопитно или независно. Истражувањата укажуваат на генералниот став дека општеството не треба да интервенира во семејството и неговите утврдени практики  и дека право на родителот е да го одгледува своето дете онака како што е најсоодветно. Нашиот одговор во борбата против насилството врз децата е дека тој треба да биде сеопфатен – заедничко дејствување од сите нас од ресорните министерства, социјалните служби, образовните институции и граѓанскиот сектор, нагласи Пендаровски.

Ако не успееме во превенција, како што рече, последиците ќе бидат трауматични и долгорочни, затоа е потребно интегрирано решение и заеднички пристап за проблем кој сите не засега.

Пендаровски порача дека здравствените работници треба да се оспособат да препознаваат рани знаци на насилство, образовниот систем да ги зајакне општествено емоционалните вештини кај децата, системот за социјална заштита да даде одговор преку оперативен и мултидисциплинарен стручен тим, а припадниците на полицијата да бидат професионално обучени за работа со деца.
Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани во својот говор истакна дека секое трето дете во Северна Македонија е засегнато од физичкото насилство, а секое петто девојче пријавило некаков вид сексуално насилство.

-Овие бројки кога ќе ги претвориме во однос на бројот на населението се огромни. Степенот на ангажман што е, потребен во нашето општество да ги погледнеме институциите, колку тие можат да помогнат во моментот на откривање и превенција и доколку се случи како да се спроведе закрепнување и заздравување, рече ди Џовани.
Според неа, децата се изложени на насилство и преку образовниот систем и затоа училиштата се важен дел од местата каде децата растат и учат да станат успешни возрасни лица, а тука се и предучилишните установи.

-Социјалните работниците се меѓу важните фактори за да се помогне во справување во стресот и да ги подучат семејствата како да го подигнат степенот на воспоставување на децата, рече ди Џовани и дополни дека ако децата не ги воспитаме како да се снајдат со стресот можат да прибегнат кон насилство во решавање на проблемите.
Шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар рече дека деновиве се одбележува 30-годишнината од Конвенцијата за правата на детето на ОН, кој е еден од најратификуваните документи за човековите права и дека според СЗО речиси десет отсто до децата од Европа страдаат од сексуална злоупотреба.

-Една-четвртина страдаат од физичка злоупотреба и речиси една-третина страдаат од психолошка злоупотреба. Покрај сите заложби 25 милиони деца во Европа сè уште се гладни и живеат под прагот на сиромаштијата. Децата ширум светот се жртви на експлоатација, злоупотреба, трговија со деца, страдаат од проблеми со менталното здравје, некои од нив вршат самоубиства, рече Жбогар.
Претстои долг пат, како што нагласи, за сите деца независно од нивното потекло да се заштитат од насилство, а најранливи се оние кои живеат во сиромаштија и кои имаат попреченост.

-Најважно е децата да бидат свесни за своите права и да можат да проговорат за тоа. ЕУ и УНИЦЕФ неодамна почнаа кампања во која ќе се вклучат младите луѓе и децата да работат на своите права за кои што ги разбираат и да ги користат платформите кои ги познаваат, рече Жбогар.

Министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека дводневната конференција е можност да се разговара со видни светски експерти за нивните искуства, за тоа што  треба да направиме во нашиот систем за да го зајакнеме овој сегмент се со цел да имаме здрава и напредна младина.

-Слушнавме од воведните обраќања какви сериозни последици може да настанат кога станува збор за насилство кај деца. Мора да имаме предвид дека менталното здравје, евентуалните вакви настани во најраното детство може да останат сериозни последици на општото здравје понатаму, а тоа значи и помала можност за вклучување во општеството, карактерни малформации сето тоа што значи личности коишто не можат да го дадат целокупниот и да се вградат во сите општествени процеси, истакна Филипче.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, кој учествува на конференцијата, посочи дека работат на подигнување на општествената свест во борбата против насилството врз децата.

– Предвидено е менаџментите на училиштата веднаш да пријават насилство, надлежните институциите да постапуваат, а има и посебни програми за децата кои покажуваат насилни дејствија, како и програми и консултации за родителите и старателите на тие деца. Повеќе сме фокусирани на превенирање на вакви ситуации, рече Адеми и додаде дека предвидена е и обврска на сите кои ќе дознаат за какво било насилство и дискриминација да го пријават случајот во надлежната институција.
Утре, на вториот ден од конференцијата најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за образование Арбер Адеми и министерот за здравство Венко Филипче.

На завршната церемонија Владата на Република Северна Македонија, која е домаќин на конференцијата со поддршка од УНИЦЕФ, ќе се заложи за пристапување кон Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ET NOW

Израелскиот министер за одбрана вели дека ајатолахот Хамнеи „веќе не треба да постои“ по нападот врз болницата

June 19, 2025

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk