ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Манчевски: Дигитална трансформација на административните процеси и услуги во 2020

Предлог буџетот на МИОА за следната година кој ќе изнесува 1.520.100.000 денари.

November 28, 2019 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фокусот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) следната година ќе биде во дигиталната трансформација на административните процеси и услуги, преку што ги спојуваме најважните процеси: реформата на јавната администрација и дигитализацијата,  најави ресорниот министер Дамјан Манчевски, пренесе МИА.

Тој денеска го претстави Предлог буџетот на МИОА за следната година кој ќе изнесува 1.520.100.000 денари. Најголемиот дел од овие пари,1.200.000.000 денари се одвојуваат за  финасирање на МРТВ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е пракса веќе трета година по укинувањето на радиодифузната такса.  – На овој начин овие три институции добиваат редовни и предвидливи средства со што имаат можност долгорочно да ја планираат својата работа и програмата. Уредувачката политика на националната радиотелевизија е автономна и независна, рече Манчевски на прес-конференција во Владата.

Според него, на почетокот на следната година ќе бидат видливи резултатите од ИПА проектот за целосна реорганизација на поставеноста на институциите, а  во фаза на евалуација на понудите е ИПА проектот од 4,5 милиони евра со кој ќе се дигитализираат клучните регистри за граѓаните и бизнисите и ќе се развијат дополнителни 120 нови електронски услуги кои ќе се нудат преку Националниот портал за е-услуги.

– На крајот на 2020, Северна Македонија ќе биде масовно дигитализирана земја, со огромен исчекор на ова поле, рече Манчевски и најави дека до крај на годинава ќе биде пуштен во употреба Националниот портал за е-услуги и воведувањето на систем за електронска идентификација, а за негово одржување, надградба и модернизација се предвидени пари во буџетот на МИОА за 2020.

Од 1 јануари следната година треба да почне примената на системот за електронско управување на документи, кој, укажа ресорниот министер, е важен за професионализација на јавната администрација и со којшто таа треба да заборави на користење хартијата. Пет илјади административни службеници во најмалку 20 институции ќе работат на единствен систем за електронско управување со документи, што понатаму ќе се шири и во други институции.

Во 2020 година, според најавите, ќе се модернизира и надградува информацискиот систем за управување со човечки ресурси. Со зголемување и подобрување на функционалностите системот ќе ги обезбедува во реално време сите податоци за вработените во јавната администрација. Ова е основа и за голем број на анализи, како и за креирање на политики согласно потребите на институциите. И ова досега беше голем проблем, рече Манчевски.

Тој потсети  дека со новиот Закон за инспекциски служби, којшто стапува во сила на почетокот на следниот месец се менува целосно концептот на вршење инспекции. Опомената се воведува како мерка пред казнувањето. Следната година во буџетот е предвидено финансирање на софтвер за е-инспекторати, со кој значително ќе се олесни и ќе стане поефикасна работата на инспекторатите.

Манчевски најави дека следната година МИОА ќе се приклучи и на програмата ИСА 2 на ЕУ со која се поддржува развојот на дигитални решенија за јавната администрација, бизнисот и граѓаните во Европа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ET NOW

Израелскиот министер за одбрана вели дека ајатолахот Хамнеи „веќе не треба да постои“ по нападот врз болницата

June 19, 2025

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk