ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски до Хелсиншки: Вие ги направивте видливи, граѓаните кои беа невидливи за општеството

Тој појасни дека Хелсиншкиот комитет ги штити правата на ЛГБТ заедницата, се залага за правично судење, реагира на говорот на омраза, а според него овие теми „ќе беа на маргините на јавниот дискурс, ако не алармиравте“.

November 28, 2019 12:28
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
На одбележувањето на 25 години од постоењето на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија, претседателот Стево Пендаровски им посака следниот јубилеј да го слават во европска Македонија.

– Хелсиншкиот комитет е конструктивен субјект кој алармира за сите општествени девијации. Активно се борите против насилството, корупцијата, дискриминацијата и сите девијации на општеството. Преку вашето делување многу луѓе со посебни потреби ја добија потребната грижа, ги посетивте затворениците, им дадовте глас на `безгласните`, порача Пендаровски во своето обраќање.
Тој појасни дека Хелсиншкиот комитет ги штити правата на ЛГБТ заедницата, се залага за правично судење, реагира на говорот на омраза, а според него овие теми „ќе беа на маргините на јавниот дискурс, ако не алармиравте“.
– Вие ги направивте видливи, граѓаните кои беа невидливи за општеството – додаде Пендаровски.
Тој смета дека членовите на Хелсиншкиот комитет подобро од него знаат дека борбата за овие права не е завршена. Секоја генерација постојано мора да ги повторува овие заложби за да ги постигне човековите права – порача Пендаровски.
– Етничката разделеност, жигосувањето на нееднаквите се само дел од непотребните појави кои секојдневно ги наоѓаме во нашето општество – смета претседателот.
Тој рече дека еднаквост се постигнува кога правата на најмалата заедница се еднакви на најголемата заедница. – Не треба посилниот да има надмоќ над послабиот -додаде Пендаровски.
Претседателот смета дека човековите права постојано треба да ги унапредуваме и постојано треба да ги препорачуваме конвенциите и декларациите кои ги гарантираат овие права.
– Наша клучна цел мора да биде општество ослободено од предрасуди. Вториот момент се европските интеграции кои се стремат кон почитување на човековите права. Посакувам до следниот јубилеј да изградиме европска држава која се грижи за своите граѓани подеднакво, рече Претседателот.
Б.Б.
Next Post

Шекеринска и Димитров: До Самитот во Лондон ќе имаме амбасадор и воен претставник во НАТО

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk