ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за изградба на фотоволтаична електрана во РЕК Осломеј

November 28, 2019 16:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
АД Електронстпанство на Северна Македонија (ЕСМ) и „Гирисим Електрик” од Турција денеска во Владата потпишаа договор за изградба на фотонапонската електрана „Осломеј“ со инсталирана моќност од 10 мегавати, во вредност од седум милиони евра. Од нив 5,9 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој, а 1,1 милион сопствени средства од АД ЕСМ, пренесе МИА.


Согласно договорот, фотоволтачината електрана треба да биде изградена за 10 месеци и од следната есен да почне со производство.

– Осломеј полека минатите години стана споменик на енергетиката во нашите држава и во главно поради исцрпените резерви на јаглен беше вон функција со мали исклучоци од по месец до два во годината. Сега е добар пример на енергетска транзиција и преоѓање од капацитет за производство на електрична енергија со загадувачка технологија од јаглен во производен капацитет од обновливи извори на енергија, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по потпишувањето на договорот.

 

Тој најави дека во текот на наредните денови ќе биде објавен јавен повик за изградба на нови 10 мегавати фотоволтаици во Осломеј, што ќе ги финансира АД ЕЛЕМ, како и два тендера од по 50 мегавати на истото место што ќе се реализираат преку јавно приватно партнерство, кои ќе бидат објавени до крајот на годинава. Тие ќе бидат сместени на земјиштето на стариот рудник за јаглен со што ќе се рекултивира теренот.
– Очекувањата беа дека проектот за изградба на првите 10 мегавати ќе чини 8,7 милиони евра, но благодарение на транспарентната и јасна постапка по процедурите на ЕБОР добивме понуди кои се  во рамките на седум милиони евра, рече Анѓушев.
Тој потсети дека во тек се и електронските аукции за изградба на 35 мегавати фотоволтаици на државно земјиште во Свети Николе и Македонски Брод, како и за изведба на фотоволтаични електрани на приватно земјиште со инсталирана моќ од 27 мегавати.

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека во изминатите две години е создадена речиси сосема нова политика во енергетскиот сектор и тоа не само на  хартија, туку и во пракса.
– Од осамостојувањето, па досега беа инсталирани само 18 мегавати фотоволтаици, а само со денешниот договор што го потпишува ЕСМ ќе се инсталираат повеќе од половина од досега инсталираното. Во експлоатациското поле на рудникот Осломеј почнуваме со инвестиции што ќе бидат во интерес на енергетскиот сектор на државата, но и на граѓаните на Кичево и околината, бидејќи на местото на загадувачки капацитет државата гради капацитет што ќе произведува чиста енергија, рече Бектеши.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски информира дека на меѓународниот тендер првично се јавиле 17 компании, од кои во потесен избор влегле осум, а како најдобар понудувач бил избран „Гирисим Електрик“ од Турција.
– Очекуваме наесен во 2020 година да ги добиеме првите киловати електрична енергија од сонце. Како државна компанија веќе работиме на проектот за нови 10 мегавати фотоволтаична електрана во Осломеј и подготовка на 20 мегавати фтоволтаична електрана во РЕК Битола. Во Осломеј како човечки ресурси ќе го искористиме потенцијалот кој го имаме во РЕК Осломеј и со преедукација ќе ги пренасочиме во делот на производство во новата фотоволтаична електрана, рече Ковачевски.

Претседателот на Одборот на директори на компанијата „Гирисим Електрик“, Мухитин Бехиџ Харманли посочи дека се една од најголемите енергетски компании и имаат седум фирми што произведуваат електрична енергија.
– Освен во Турција каде имаме изградено капацитети од 3,5 гигавати, присутни сме во седум земји, а го имаме изградено и најголемиот капацитет во Алжир со инсталирана моќност од 1.200 мегавати. Првично работевме со ветерни паркови, а сега и со фотоволтаици, рече Харманли и препорача целото земјиште што не може да се користи за земјоделска обработка да се искористи за изградба на фотоволтаици.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Крмзов доби 30 дена притвор

June 10, 2025
Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слабиот моќник на Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk