ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерала: ЦИВИЛ не е работа, туку начин на живот и начин на борба

Не знам кој по ред протест против режимот беше, но сигурно беше јуни, 2016 година. Бев во поворката од неколку илјади луѓе кога ми се обрати еден млад човек: „Се извинувам, вие од ЦИВИЛ бевте?“ „Да“, му велам, „од ЦИВИЛ сум.“ И во шега го прашав: „А ти, од каде си?“ Подзастана, кратко погледна во мојот беџ и ми рече: „И јас сум од ЦИВИЛ“. Се насмеавме заедно. Тој не знае колку ми значеше тоа во тој миг и колку ми значи тоа сега.

November 29, 2019 14:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Не знам кој по ред протест против режимот беше, но сигурно беше јуни, 2016 година. Бев во поворката од неколку илјади луѓе кога ми се обрати еден млад човек: „Се извинувам, вие од ЦИВИЛ бевте?“

„Да“, му велам, „од ЦИВИЛ сум.“ И во шега го прашав: „А ти, од каде си?“

Подзастана, кратко погледна во мојот беџ и ми рече: „И јас сум од ЦИВИЛ“. Се насмеавме заедно. Тој не знае колку ми значеше тоа во тој миг и колку ми значи тоа сега. И кога другарот Димче од Велес, во една прилика, на Фејсбук напиша: „Горди сме што сме ЦИВИЛ“… И безбројните пораки и изрази на поддршка од десетиците илјади граѓанки и граѓани што ги сретнав сите овие години, мене и на моите другарки и другари ни беа и ни останаа единствено погонско гориво за сѐ што правиме.

Добро, имало и поинакви случки. Кога еден таксист, среде Шарената, ме праша каде работам, јас гордо му одговорив дека сум од ЦИВИЛ. „Што ќе праиш, мора нешто да се работи“ – ми одговори тој. Сакав да му кажам дека ЦИВИЛ не е работа, туку начин на живот и начин на борба, но веќе стасавме на одредиштето, а од зад таксито веќе имаше нервозни возачи што легнаа на трубите. Излегов на улица и продолжив со мојот, нашиот, начин на живот. Толку за ЦИВИЛ. Навистина, по дваесет години постоење и напорна работа, по толку борби, успеси и неуспеси, можете само да продолжите со борбата, а не да се вртите наназад и да зборувате.

Затоа, сакам овде, без должење, да се обидам да одговорам три прашања, за помалку од две минути, колку што се потребни да се прочита ова обраќање.

ПОСТИГНУВАЊА: Од постигнувањата на граѓанското општество сакам да издвојам само неколку: уривањето на еден режим, како незаборавно, историско будење на општеството. Тука се и сите промени, од малите соседства, села и градови, до целата земја. Помалите и поголемите хуманитарни акции, изработката на законите, борбата за работничките права, за човековите права и слободи, за слободата на изразувањето, за европските и зелените вредности, за сѐ што им значи на луѓето да имаат подостоинствен живот и посреќно детство и младост на генерациите што растат и ќе ја водат оваа земја кон европската иднина.

ПРЕДИЗВИЦИ: Предизвиците се веќе познати. Граѓанското општество не е имуно на политизација и пенетрација на назадните, деструктивните, националистичките, па и криминалните структури во земјата. Ги гледаме и ги препознаваме. Потребни ни се повеќе искреност, самокритика и гласност, да се справиме со предизвиците во овој преломен миг за Република Северна Македонија. Уште еден, огромен предизвик е пред нас, а тоа се лажните вести и говорот на омразата, кои се главното оружје на центрите на моќта кои не сакаат да ја видат македонската иднина во Европа и во развиениот демократски свет.

ПЕРСПЕКТИВИТЕ: Тие се европски. Сѐ друго ќе значи мрак, поделби, насилство и распад. Пред граѓанското општество сега е предизвикот да се врати Македонија од мрачното минато на лаги, поделби и насилство во европската сегашност и иднина.

Убеден сум дека граѓанското општество и огромното мнозинство македонски граѓанки и граѓани, заедно ќе се соочат со тешките задачи што се пред нас, храбро, искрено и достоинствено. Бидејќи, граѓанското општество – тоа сме сите ние.

извор: Цивил Медиа

Next Post

Стоилов: Веспрем е апсолутен фаворит против Вардар во овој состав

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk