Завршен е првиот тренинг пред последната трка во сезоната на Формула 1, а импозантни времиња постави возачот на „Мерцедес“, Валери Ботас.
Германскиот возач во „Ферари“, Себастијан Фетел, имаше доста послаб тренинг откако имаше судар во 19-тата кривина, кога удри во ѕид.
Фетел нешто подоцна стигна во Абу Даби откако го прослави раѓањето на своето трето дете. „ферари“ за втората сесија ќе успее да ја исправи штетата, а со „тато“ Фетел се е во ред.
Во тој момент Фетел беше на 4. позиција со 1,9 секунди зад Ботас, кој беше одличен со среднотврди гуми, но Финецот ќе ја почне трката на чело, откако одлучи да промени уште една компонента на моторот, која откажа при трката во Бразил.
Ботас имаше предност од околу половина секунда во однос на Макс Верстапен, додека остана зад Луси Хамилтон, па потоа се Албон, Фетел, Грожан, Леклер, Магнусен, Џовиначи, Хулкенберг и Норис.
На последниот тренинг, Ботас имаше најдобро време од 1:36,957, додека втор беше Макс Верстапен во „Ред бул“, а трет шампионот Луис Хамилтон.
That was NOT a good end to FP1 for Sebastian Vettel#AbuDhabiGP ?? #F1 pic.twitter.com/7omwhyvwpe
— Formula 1 (@F1) November 29, 2019