ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Инвестиции до 17 милијарди евра во следните 20 години

Инвестиции до 17 милијарди евра во следните 20 години во енергетскиот сектор предвидува најновата Стратегија за период до 2040 година, што ја изработи Центарот за енергетика и одржлив развој при МАНУ. Во Стратегијата се имплементирани актуелните трендови во светот, но тие се прилагодени на енергетските можности и ресурси што ги има државата. Притоа, задоволена е потребата од енергенси на граѓаните и цената да не биде значително покачена

November 29, 2019 14:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестиции до 17 милијарди евра во следните 20 години во енергетскиот сектор предвидува најновата Стратегија за период до 2040 година, што ја изработи Центарот за енергетика и одржлив развој при МАНУ.

Во Стратегијата се имплементирани актуелните трендови во светот, но тие се прилагодени на енергетските можности и ресурси што ги има државата. Притоа, задоволена е потребата од енергенси на граѓаните и цената да не биде значително покачена, пренесе МИА.

Стратегијата предвидува три сценарија – референтно, сценарио на енергетска транзиција и зелено сценарио. Од нив, најлесно изводливо, според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, е референтното сценарио, но треба да се разгледаат и останатите две сценарија.

– Во следните 20 години предвидени се инвестиции до 17 милијарди евра. Овие средства не може да ги обезбеди само државата и затоа сите треба да бидеме свесни дека енергетиката треба да премине во рамките на приватните инвестиции и јавно-приватните партнерства, да биде генератор на странски и домашни инвеститори, бидејќи ако државата ги решава проблемите само со позајмување, тоа не е решение на краток рок, туку проблеми на долг рок. Затоа треба нашата економија да биде отворена за инвестиции во енергетиката, рече Анѓушев на денешната презентација на Стратегијата во МАНУ.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, во изминатите две и пол години направени се значајни исчекори во енергетскиот сектор поради што државата, како што рече, е посочена како лидер во спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор.

Од Секретаријатот на Енергетската заедница се надеваат дека Владата ќе тргне во реализација на зеленото сценарио. Ваква порака преку видео обраќање испрати директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач.

Стратегијата за енергетика требало да биде донесена уште во 2015 година.

Next Post

Дерала: ЦИВИЛ не е работа, туку начин на живот и начин на борба

НАЈНОВО

Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk