Започна конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ за успесите, проблемите и перспективите на невладиниот сектор, во организација на ЦИВИЛ, пренесува Цивил Медиа.
На конфоренцијата ќе говорат претседателот Стево Пендаровски, Сашо Орданоски, Мирјана Најчевска, Александар Кржаловски, Алберт Муслиу, Фани Каранфилова Пановска, Мерита Максути, Савка Тодоровска, Ибрахим Мехмети, Афердита Хаџијаха, Ленче Здравкин, Мерсиха Смаиловиќ, Дехран Муратов и Џабир Дерала.
Во воведното обраќање, Петрит Сарачини изјави дека дваесет години ЦИВИЛ зборуваат сами за себе.
„Наместо вообичаените коктели и прослави, славиме работно, со ангажирани собири и настани. Како и секогаш, ЦИВИЛ е тука да биде платформа, преку која наши еминентни стручњаци, интелектуалци, уметници, активисти, заедно со институциите, низ различни форми на изразување, ќе изнесат видувања за предизвиците пред нас, но уште поважно, визии и решенија за наша заедничка, подобра иднина“, најавувајќи сите активности на Фестивал на слободата по повод 20 годишнината на ЦИВИЛ.