ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сеќавање на 29 ноември: За сите „клинци“ кои го пропуштиле Денот на републиката

Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укинала со закон во ноември 2002.

November 29, 2019 18:07
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Историски, 29 ноември ја означува годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце, 1943 година беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а понатаму во животот се славеше во вистинска свечена атмосфера, со изобилство храна и пијалоци, свечени академии, и се разбира… неработни денови. По завршувањето на војната, на двегодишнината од заседанието во Јајце, на 29 ноември 1945 година, дотогашната Демократска Федеративна Република Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија, со што и формално е укината монархијата, а на 31 јануари 1946, донесен е првиот Устав на ФНРЈ, пишува Факултети.мк.

Оттогаш, 29 ноември се чествуваше како Денот на републиката и тоа беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ.Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укинала со закон во ноември 2002.

Пионери, свадби и богати трпези

Додека се прославуваше, празникот беше проследен со вистинска еуфорија. Празничните денови по традиција беа одбележувани со богати трпези, во слава на братството и единството.

Масовен обичај меѓу југословенската младина беше и закажувањето свадби на овој свечен ден. Сепак, најголемата радост ја чувствуваа првачињата, бидејќи на тој ден стануваа пионери. Во училиштата беа организирани свечени приредби на кои тие добиваа сини капи-титовки, црвени марами и црвени пионерски книшки. Тогашните пионери со сигурност и до денес се сеќаваат на свечената заклетва што ја даваа пред државното знаме:

„Денес кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор,
дека ќе учам и работам
и ќе бидам добар другар,
дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина,
Социјалистичка Федеративна Република Југославија
дека ќе го развивам братството и единството,
и идеите за кои се бореше Тито,
дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
кои сакаат слобода и мир!
“

Овој ден буди многу сеќавања и носталгични чувства кај многумина што ги живееле тие времиња.

„Како дете живеев во висококатница во Нов Белград, со станари од различен национален состав. Ние, децата, немавме поим, ниту нè интересираше, кој од каде е и од која националност. Всушност, ниту знаевме што значи тоа. Нашите родители беа спокојни и нè пуштаа да си играме надвор пред зградата, а од три до пет попладне беше ‘куќен ред’. Автомобилите на паркингот не смееја да газат по тревникот. Ние, децата, можевме да им пријдеме на милицајците со доверба, наркоманите и педофилите тогаш беа нешто имагинарно и далечно.“

„Најчесто носевме ‘шангајки’, а поимотните – ‘пума’ или ‘адидас’ патики. Не се издвојувавме  по скапи облеки или по тоа кои ни се родителите. Бевме слободни, се дружевме , си ја сакавме татковината, бевме по малку и наивни, простодушни, без злоба во себе. Не насетувавме какви времиња нè чекаат. Растурени насекаде низ светот, и како што некој рече – затворени во сопствените трла, понекогаш се присетуваме на среќните и безгрижните детски денови и на ваквите празнувања.“

Текстот е во целост преземен од Факултети.мк.
Next Post

Заев и Филипче на средба со пензионерите: Укинати квотите за лекови, oд следната година просечно ќе добијат околу 850 денари месечно поголема пензија

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk