„Уште едно фијаско на собирите во организација на ВМРО-ДПМНЕ“, е коментарот на делчевци кои имале прилика да сведочат на денешниот караван „Обнова на Македонија“ одржан во Делчево.
По она што може да се погледне од фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, караванот „Обнова на Македонија“ не добива речиси никаква поддршка од граѓаните на Делчево.
– Слабо идеи за обнова.
– Тројца без двајца.
– И тие им се премногу… Ова се само дел од коментарите што може да се прочитаат под објавените фотографии.
За компарација, читателите ни испратија фотографии од караванот на СДСМ „На прав пат“, одржан во Делчево на 14 ноември.
Ј.Ѓ.